10.8 C
Скопје
18:30 - 11 март, 2026

Претседателот на Иран откажа интервју со ѕвездата на СНН Кристијан Аманпур – одбила да носи хиџаб

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се повлече од долго планираното интервју со познатата новинарка на Си-Ен-Ен, Кристијан Аманпур на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк , откако таа во последен момент го одбила неговото барање да носи шамија.

Околу 40 минути откако требало да започне интервјуто помошникот на иранскиот претседател и кажал на Аманпур дека претседателот и предложил да носи шамија. Аманпур рече дека таа „учтиво одбила“, јавува СНН.

„Ние сме во Њујорк и тука нема закон или традиција во врска со хиџабот“, напиша подоцна Аманпур на Твитер.

Раиси учествува на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а ова би било негово прво интервју на тлото на САД.

Репортерот на CNN рече дека никој од претходните претседатели не барал од неа да ја покрие главата додека ги интервјуира надвор од Иран.

„Планирав да разговарам со Раиси за различни теми, особено по протестите во Техеран во врска со смртта на младата иранска девојка Маша Амини во притвор. Тоа требаше да биде првото интервју на Раиси на американска територија по посетата на Њујорк и Генералното собрание на ОН, објави Аманпур на Твитер.

Минатата недела во Иран избувнаа антивладини протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини додека беше во притвор. Таа беше уапсена од иранската полиција под обвинение дека го прекршила законот за носење хиџаб.

Protests are sweeping Iran & women are burning their hijabs after the death last week of Mahsa Amini, following her arrest by the “morality police”. Human rights groups say at least 8 have been killed. Last night, I planned to ask President Raisi about all this and much more. 1/7

Слични објави

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо
Се вчитува....