7.8 C
Скопје
22:11 - 24 март, 2026

Папата објави дека не станува од Светата столица, а ги демантираше и гласините за ракот: лекарите „не ми кажале ништо за тоа“

Во ексклузивно интервју во неговата резиденција во Ватикан за Ројтерс, папата Франциск негираше дека планира да поднесе оставка и исто така ги негираше гласините дека има рак, шегувајќи се дека неговите лекари „не ми кажале ништо за тоа“.

Во медиумите кружеа гласини дека папата сака да се повлече, но Франциск го негираше таквото сценарио. Но тој , сепак, го повтори својот став дека еден ден би можел да поднесе оставка доколку неговата здравствена состојба толку се влоши што ќе му оневозможи да раководи со црквата. Запрашан кога мисли дека тоа би можело да биде, тој рече: „Не знаеме. Бог ќе каже“.

Папата ги планира и следните патувања. „Би сакал да одам во Украина, а најпрвин сакав да одам во Москва“, рече тој.

Потоа папата го осуди абортусот. За одлуката на Врховниот суд на САД изјави дека ја почитува, но дека нема доволно информации за да зборува за тоа од правен аспект. Сепак, остро го осуди абортусот, споредувајќи го со „најмување платен убиец“.

„Прашувам: дали е легитимно, дали е правилно да се елиминира човечки живот за да се реши проблем?“, рече папата.

 

Слични објави

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо
Се вчитува....