14:59 - 1 април, 2026

 Папата Франциск ги повика верниците да се молат за мир во Украина

Папата Франциск реагира по синоќешните случувања во Полска, кога при паѓањето на проектили на полска територија, загинаа две лица.

Тој повика на што поскоро прекинување на огнот за да се избегне опасноста од натамошна ескалација на конфликтот. За време на својот говор тој не се осврна на последниот инцидент што се случи во Полска, во кој загинаа двајца полски државјани, пренесува „Sky News“.

„Со болка и загриженост дознав за нов и уште пожесток ракетен напад врз Украина, кој предизвика смрт и штета на многу цивилна инфраструктура. Да се ​​молиме Господ да ги преобрати срцата на оние кои сè уште се држат до војна и дека желбата за мир преовладува во маченичката Украина за да се избегне ескалација и да се отвори патот за примирје и дијалог“, рече Папата.

Папата Франциско ги повика верниците да се молат за мир во Украина, додавајќи дека верниците можат во молитва да кажат „побрзај, Господи“ за војната да заврши што е можно поскоро. Инаку, Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека Русија вчера лансирала 110 ракети и 10 јуришни беспилотни летала од Иран

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....