8.8 C
Скопје
11:56 - 1 април, 2026

Откриено каде Путин ја крие својата јахта, сменето ѝ е и името: „Сега се вика кит убиец“

Јахтата на Владимир Путин, „Graceful“ е видена во движење седум месеци откако ја напушти Германија и влезе во пристаништето Калининград. Јахтата вредна 119 милиони долари и долга 81 метар е забележана како плови покрај брегот на Естонија. Фотографијата е направена од Карл Грол, фотограф на веб-страницата TheYachtPhoto.com и споделена со новинарите на Форбс. Првото нешто што е забележано на фотографијата е дека „Graceful“ го променила името и сега се вика „Косатка“, што на руски значи „кит убиец“.

Јахтата патувала на север во Балтичкото Море, западно од естонскиот остров Сааремаа. Според доказите на фотографијата, „Косатка“ била придружувана од брод на руската вооружена крајбрежна стража. Се претпоставува дека јахтата патувала кон Санкт Петербург. Не се знае ниту кога го сменила името, ниту кога отпловила од Калининград. Нејзиниот транспондер бил исклучен најмалку од 30 авгус, според службата за следење на бродови Marine Traffic.

„Косатка“ е луксузна јахта регистрирана во Русија. Има внатрешен базен кој може да се претвори во подиум за танцување или театар, апартмани за 12 гости и сопствен апартман со винарска визба во која може да се сместат до 400 шишиња.

Косатка отплови од германското пристаниште Хамбург на 7 февруари, каде што беше на поправка во бродоградилиштето на компанијата Blohm + Voss која ја изградила. Јахтата испловила седумнаесет дена пред руските трупи да ја нападнат Украина. На 2 јуни, американското Министерство за финансии ги санкционираше „Graceful“ и три други јахти поврзани со рускиот претседател.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....