7.8 C
Скопје
10:25 - 1 април, 2026

Нови напади на турските воздухопловни сили врз Сирија, одговор на гранатирањето на турските градови

Ловците Ф-16 на турските воздухопловни сили денес продолжија со нападите врз позициите на курдските формации од Курдистанската работничка партија и Силите за народна самоодбрана (признаени од Анкара како терористички организации) во Сирија, објави Си-Ен-Ен Турција.

Се прецизира дека воздушните напади се изведуваат во сирискиот регион Кобане како одговор на гранатирањето на турските градови Онџупинар и Каркамиш.

Инаку, бројот на загинати по гранатирањето на Турција од Сирија се зголеми на три.

На 20 ноември турското Министерство за одбрана ја објави операцијата „Канџа-меч“. Анкара смета дека Работничката партија на Курдистан во Сирија била вмешана во терористичкиот напад во центарот на Истанбул, кој се случи на 13 ноември.

За само еден ден од операцијата турските вооружени сили уништија 89 цели, вклучувајќи засолништа и складишта за муниција во Сирија.

По воздушната, ќе започне и копнена операција во Сирија и Ирак.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....