07:48 - 11 јули, 2026

Можат да пијат до бесвест: Три знаци од Зодијакот се повеќе склони кон алкохолизам од другите

Астролозите наведоа три знаци од Зодијакот кои се склони кон алкохолизам. Најчесто пијат алкохолни пијалоци за задоволство, но има случаи кога се обидуваат да ја удават својата болка во чашата.

Близнаци

Близнаците се двоен знак на Зодијакот. Тие се многу вредни, дарежливи и искрени, имаат многу пријатели со кои не им пречи да се забавуваат, вклучувајќи го и пиењето алкохол. Забавите во нивните животи, ако не на прво место, често се приоритет. Па самите си знаете какви може да бидат забавите, ако вискито и виното не течат како река. Астролозите велат дека Близнаците често злоупотребуваат алкохол и лесно можат да „заглават“ како зависници.

Овен

Ако Близнаците сакаат бучни друштва и алкохол, тогаш Овните ги дават своите комплекси во чашата, како и болката во срцето, разочарувањето, незадоволството…Тогаш спасот го наоѓаат покрај шанкот. Ним им се чини дека само така можат да се справат со се што им се случило. Сепак, вреди да се запамети дека алкохолот само ја нагласува вашата состојба во која се наоѓате, и сигурно нема да ве излекува. Ако се чувствувате апатично, тогаш по пиење алкохолни пијалоци, ќе се чувствувате уште полошо. Ако сте задоволни од животот и полни со оптимизам, тогаш мала чаша вино само ќе придонесе за вашето уште подобро расположение. За среќа, Овнот го краси и спортскиот дух па дури и ако заглави периодично во алкохол, веќе во следниот период лесно ќе се извлече.

Риби

За Рибите алкохолот е посредник меѓу нив и новите луѓе. Ако направат нови познанства, тогаш тоа мора да го „благословат“ со чашка алкохол. На тој начин го надминуваат природниот срам и стануваат забавни и разговорливи. Истото се случува и ако треба да направат чекор на непознат терен. Прво чашка – две, па после чекорот. Лесно можат да заглават во алкохолизам, но и најчесто знаат како да испливаат од кризата. Спасителот? Љубовта.  Интересно е што овој знак на Зодијакот не сака „дамски“ пијалоци, туку претпочита коњак, виски, вотка…

Важно е да запомните една работа: злоупотребата на алкохол не води до ништо добро! Грижете се за вашето здравје!

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо
Се вчитува....