5.8 C
Скопје
04:53 - 1 април, 2026

Новата амбасадорка на САД Анџела Прајс Агелер не е прв пат во Македонија – одлично зборува македонски јазик

Новата американска амбасадорка Анџела Прајс Агелер и официјално ја почна својата дипломатска мисија во земјава.

Таа денеска му ги предаде копиите од акредитивните писма на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, а утре претпладне акредитивите во оригинал ќе ги достави кај претседателот Стево Пендаровски.

Непосредно пред доаѓањето во земјава, во презентацијата пред членовите на американскиот Сенат, Агелер најави дека ќе се залага за одговорност на корумпираните политички актери во Македонија.

Во тој контекст приоритет ќе и биде борбата против корупцијата, подобрувањето на владеењето на правото, зајакнувањето на инвестициската клима, како и градењето отпор на  надворешни влијанија, вклучително од Русија и од Кина.

Агелер е дипломат од кариера која не е прв пат во Македонија. Таа претходно беше службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје и тоа од 2011 до 2014 година.

Потоа работела и како аташе за култура и печат на Амбасадата во Ханој, Виетнам, портпарол на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот, конзул и врска со американската заедница во Амбасадата на САД во Париз, Франција и вицеконзул и заменик аташе за печат во Њу Делхи, Индија.

Пред да се приклучи на Службата за надворешни работи во 1998 година, Агелер работеше за Стејт департментот во амбасадите на САД во Уагадугу, Буркина Фасо и Будимпешта, Унгарија, како и во Генералниот конзулат во Мадрас, Индија.

Работела во Националната галерија на уметност во Вашингтон, пред да му се придружи на нејзиниот сопруг во Стејт департментот, а пред тоа како волонтер на Мировниот корпус во Централноафриканската Република.

Добитничка е на бројни награди на Стејт департментот, вклучувајќи ги и наградите за супериорна чест и заслужна чест, наградата на помошник секретар за извонредност (Конзуларни работи 2006) и наградата Mildred Sinclaire за јазик (хинди, 2000).

Во нејзината биографија е запишано дека зборува француски јазик, македонски и хинди.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....