01:15 - 12 ноември, 2026

Меркел удрила на трошење – жената која фаворизираше политики на штедење сега ја критикуваат

Кабинетот на германскиот канцелар ја предупреди својата претходничка Ангела Меркел за преголемите трошоци што канцеларијата ги создава откако поранешната канцеларка ја напушти функцијата во декември минатата година, јавуваат германските медиуми.

„Се одржаа дискусии меѓу кабинетот на канцеларот и раководството на кабинетот на Ангела Меркел, кои се однесуваат на прилагодување на бројот на вработени во оваа канцеларија според потребите“, го пренесуваат германските медиуми интерниот допис од Министерството за финансии.

Меркел е жената која успеваше да ја држи Европската Унија во единство за време на децениските кризи, меѓу нив должничката криза со еврото, руската агресија во Украина, бегалската криза, гласањето за Брегзит во Велика Британија, трансатлантскиот јаз за време на претседателствувањето на Доналд Трамп во САД. Таа категорично инсистираше на штедење и структурни реформи за време на должничката криза во еврозоната, а сега од кабинетот на актуелниот канцелар и се посочува дека Канцеларијата на поранешната канцеларка постои не поради „статусни причини“, туку поради „исполнување на обврските кои произлегуваат од мандатот на канцеларот, како и новосоздадените должности“.

Се нагласува дека, кога станува збор за функцијата на Канцеларијата, „исклучено е користење за приватни цели, како и за остварување дополнителен приход“.

Надомест на патни трошоци може да се разгледува само доколку поранешниот канцелар патува по наредба и заради интересите на Сојузна Република Германија“, се вели во писмото на Министерството за финансии до комисијата за буџет на Бундестагот.

Во писмото не е прецизирано за кое конкретно патување станува збор.

Понатаму, критикуван е и преголемиот број вработени во канцеларијата. Според законот од 2019 година, Бундестагот финансира најмногу пет вработени за поранешните премиери: менаџер на канцеларија, двајца службеници, секретар и возач. По пет години бројот се намалува на четири лица.

Канцеларијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел (Христијанско-демократската унија) во моментов вработува девет лица. Вработените во кабинетот на поранешната канцеларка се на платниот список на канцеларот на државата.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....