5.8 C
Скопје
02:19 - 1 април, 2026

Левица повикува народот да стави вето на Договорот со Бугарија

Левица денеска објави дека ќе даде поддршка на најавениот референдум и во Собранието и при самото изјаснување на граѓаните, иако, како што вели, опозициската иницијатива за задолжителен дополнителен референдум со кој би престанало важењето на контроверзниот Закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија содржи несреќно формулирано референдумско прашање.

Партијата вели дека Европската унија „позната по нејзината непринципиелност во случајот со Македонија, целосно ги занемери Копенхагенските критериуми, станувајќи спонзор на национал-шовинистичките претензии на соседна Бугарија, воскреснувајќи ги опасните ванчомихајловистички идеи и инкорпорирајќи ги истите како дел од преговарачката рамка со Унијата“.

„Сомнежот и претпазливоста кои се будат кај македонскиот народ во однос на намерите и искрените мотиви на иницијаторите на овој референдум се оправдани. Освен досегашниот политички багаж и историјат на соучесништво во спроведувањето на серија антимакедонски политички процеси – какви што се срамните примери со Охридскиот и со Преспанскиот договор – зачудува фактот зошто е одлучено на референдумот да се гласа „ЗА“, наместо „ПРОТИВ“ – следејќи го духот на јулските простести против бугаризацијата на Македонците!? Левица смета дека е тактички погрешно вака формулираното референдумско прашање, бидејќи истото го руши природниот континуитет меѓу најмасовните антивладини протести и самото народно изјаснување“, се вели во реакцијата на партијата на Димитар Апасиев.

Левица упати предупредување до власта ако има неповолен епилог од референдумот (немањето цензус) не смее, како што вели, тоа да послужи како алиби за идната власт – „затоа што екстремно штетниот Договор со Бугарија, кој директно задира во македонскиот јазик и идентитет, може да биде суспендиран со просто мнозинство во Собранието!“

„Оттука, неговото целосно укинување за нас е прашање на принцип и највисок јавен интерес, и ова ќе биде наш услов за евентуална поддршка на идната Влада, по следните парламентарни избори – без оглед дали тие ќе бидат редовни или вонредни“, порачува Левица.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....