5.8 C
Скопје
02:06 - 1 април, 2026

КОГА ИМАШ ДОБИЕНО, НИКАКО НА КАФЕ КАЈ ДЕЧКОВО!

Не сум сигурна дали крвавата улошка на девојкава или неговото однесување е поодвратно. Ако не па, напиши на влез правила на однесување, прашалник нека пополнуваат девојките, снајди се некако за да не мораш да се соочуваш со нешто толку одвратно, одвратен еден! Си се родил заради таа крв!

Многу корисници на социјалните мрежи го искажаа револтот кон типов, откако девојката со која се состанале, го сподели искуството со него. Имено, тие двајца извесно време се допишувале, а се „совпаднале“ на социјалната мрежа Тиндер.

Фото: Архива

Го запознав дечкото на Тиндер пред неколку недели и се чинеше дека навистина кликнавме. Имавме многу исти хобија. Почувствував искра меѓу нас, и сигурна сум дека и тој го почувствува тоа“, откри девојката.

Првата кафе – средба ја оствариле во неговиот дом. Девојкава имала добиено и по некое време морала да ја промени улошката.

Тоа беше мојот трет ден на менструација и по неколку часа морав да ја сменам улошката. Забележав дека неговата корпа за отпадоци е доста полна. Не бев сигурна што да правам, па ја завиткав во тоалетна хартија и некако ја турнав подлабоко во кантата за да не излезе на површината“, рече девојката.

Фото: Архива

Еден час по промената на улошката, дечкото отишол во тоалетот и немал попаметна работа, па забележал дека кантата со отпадоци не изгледала исто како претходно, ја одмотал тоалетната хартија и видел што видел. Во дневниот престој се вратил и ја искарал девојката:

Тој рече дека не треба да ги фрлам влошките во неговата корпа за отпадоци бидејќи може да ги допре при фрлање на ѓубрето, што е одвратно и нехигиенски. Наводно, видел како ѓубрето изгледа поинаку, ја одмотал тоалетната хартија и ја видел крвавата улошка. Се ужаснав. Искрено се извинив и тој изгледа добро го прифати“, рече девојката, но овој не престанал со глупостите и додал:

Фото: Архива

Ми рече да не го правам тоа повеќе, и ако е потребно, да отидам во продавница неколку блокови подалеку од неговиот стан за да ја сменам улошката. После тоа, си заминав, не размислувајќи премногу за тоа или за него“, истакна девојката.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....