5.8 C
Скопје
07:10 - 1 април, 2026

Ѓукановиќ: Русија сака да создаде „руски и српски свет“, се развиваат две хибридни бази -Србија и Република Српска во БиХ

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека Русија води политика на ревизионизам, се обидува да создаде „руски и српски свет“ и дека планира да го заземе местото на СССР на меѓународната сцена.

„Русија со години интензивно работи на идејата за историски ревизионизам за денешна Русија да стане значајна како СССР. Затоа, се промовира идејата за „руски свет“, рече тој.

Според претседателот, во моментов се развиваат „две хибридни бази“ – Србија и Република Српска во Босна и Херцеговина – и има „силно присуство на руските медиуми, нивните специјални служби, економијата, злоупотребата на српската православна Црква“, пренесуваат руските медиуми.

Претходно слична идеја изрази и заменик-државниот секретар на САД Нуланд. Таа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака повторно да го создаде СССР.

Прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, коментирајќи ја оваа изјава, посочи дека „г-ѓа Нуланд е добро упатена во руските теми и во сите нијанси на постсоветскиот простор“, но таа мора да разбере дека реконструкцијата на Советскиот Сојуз е невозможен.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....