5.8 C
Скопје
05:39 - 1 април, 2026

Директорот во оставка Воислав Димитровски сведочи за хаос во „Лајка“ – блокирани сметка, неисплатени плати, долгови

Директорот на „Лајка“ Воислав Димитровски поднесе оставка затоа што немал никаква поддршка од Градот Скопје. Тој на Фејсбук објави пошироко образложение за оставката, но и за состојбата во која го затекнал јавното претпријатие.

– Јавното претпријатие го затекнав во хаотична состојба без воспоставена структура, со недостаток на соодветен и нецелосно остручен кадар за работа на јавно претпријатие, и со над 70% заробен капацитет на прифатилиштето. Јавното претпријатие беше со затекнат долг од над 10. 000 000 денари кој беше направен за година ипол функционирање на претпријатието – вели Димитровски.

Тој објаснува дека поради недостатокот на поддршка од страна на Град Скопје, ЈП Лајка има континуирано блокирани сметки, каснење на платите, вклучително и овој месец.

– Во ваква тешка финансиска состојба без реална подршка од страна на Град Скопје, како ВД директор на ЈП Лајка заедно со тимот од ЈП Лајка и со несебична подршка од страна на здруженијата и активистите успеавме да го зголемиме капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40%, вдомувањата на кучиња се зголеми за 300%, според податок од МВР на ниво на Град Скопје има намалување на инциденти предизвикани од куче за 20%. Подобрувањето на функционирањето на претпријатието се гледа и во бројот на вдомени кучиња во месец август 2022 година кој изнесува 40 вдомени кучиња во споредба со месец август 2021 година од 0 вдомени кучиња – вели Димитровски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....