15.8 C
Скопје
23:04 - 9 октомври, 2026

Зошто кралицата Елизабета никогаш официјално не ја посетила Грција, родната земја на нејзиниот сопруг?

Постојат одредени земји во кои кралицата Елизабета Втора никогаш не стапнала за време на нејзиното владеење, а меѓу нив е и Грција, родната земја на нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Тоа всушност не е изненадувачко ако се земе предвид дека нејзиниот сопруг имал комплицирани односи со земјата во која е роден во 1921 година. Имено, за време на Грчко-турската војна од 1922 година, неговиот вујко, кралот Константин I, бил принуден да абдицира, што ја донело целата монархија во неизвесна ситуација. Грчкиот принц Ендрју, таткото на Филип, бил протеран од земјата и морал да побегне со семејството на британски брод за да стигне до Франција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Elizabeth II (@royalty.crown_)

Падот на монархијата и тензиите меѓу грчкото кралско семејство и владата го спречиле принцот Филип да отиде во официјална посета на Грција со кралицата Елизабета Втора, како британски владетели. Меѓутоа, тие ја посетиле Грција приватно во 1952 година, пред доаѓањето на Елизабета на тронот, но тоа патување никогаш веќе не го повториле.

Интересно е што Грција не е единствената земја која кралицата одбила да ја посети. Поради израелско-палестинскиот конфликт, во кој никогаш не сакала да заземе страна, кралицата никогаш не го посетила Израел за време на нејзиното владеење. И покрај ова, принцот Вилијам сепак ја посетил земјата во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Elizabeth II (@royalty.crown_)

Освен Израел, на „црната листа“ на кралицата се најдоа и Куба, Аргентина, Албанија и Црна Гора.

Кралицата патувала во повеќе од 110 земји пред да престане да патува во 2015 година, на 89-годишна возраст. Таа била на Малта при последната посета во странство, а после тоа поради ослабеното здравје не заминала надвор од Обединетото Кралство.

Слични објави

Откриени се детали за здравствената состојба на Саша Ковачевиќ откако ги одложи концертите

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ се огласи од Бали: „Дојде моментот да споделам со вас…“

Еспресо

Ника Тошиќ уживаше во друштво на татко ѝ Душко, Јелена Карлеуша веднаш ја „искритикува“

E.A.

Ѓоле Ѓогани разочаран поради односот на Лепа Брена

E.A.

Саша Ковачевиќ ги одложи концертите по операцијата: Организаторите ги открија деталите

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што сè чува на својот имот: Фарма полна со животни и приватен хиподром

Еспресо
Се вчитува....