16:32 - 8 април, 2026

ЗЛАТНА ПАНАКОТА: Десерт кој ќе го обожавате (РЕЦЕПТ)

Дали некогаш сте помислиле дека можете да направите панакота која ќе биде и слатка и здрава во исто време?

Златната панакота е инспирирана од златното млеко, кое е докажано здрав пијалак. Основата се прави од слатка павлака, млеко, шеќер и желатин.

Во преливот има мед, куркума, ѓумбир, мускатно оревче и цимет.

Потребни состојки:

250 мл млеко
7 гр желатин
1/2 лажичка куркума во прав
700 мл слатка павлака
Прстофат сол
125 гр мед

Подготовка:

Млекото ставете го во мал сад, а во него истурете го желатинот и причекајте пет минути за да омекне. Куркумата најпрво растворете ја со лажица слатка павлака па измешајте со остатокот и додадете ги солта и медот.

Мешајте на слаба температура, додека медот се стопи, но внимавајте да не зоврие смесата. Потоа измешајте го млекото со желатинот и тргнете од рингла.

Префрлете ја смесата во чист сад кој ќе го ставите во друг сад, со ладна вода и мраз. Мешајте додека се лади. Изладената, но уште течна смеса ставете ја во чаши и ставете ја да се излади во фрижидер неколку часа.

Подгответе прелив од мед, куркума, цимет и ѓумбир и прелијте врз панакотата.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо
Се вчитува....