11.8 C
Скопје
16:45 - 21 април, 2026

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Од следните состојки ќе добиете три тегли кисели пиперки.

Потребни состојки:

1,5 кг црвени пиперки
3 чешниња лук
3 лажички сол
12 лажички шеќер
12 лажички оцет
1 л врела вода
бибер во зрно
магдонос

Начин на подготовка:

Пиперките измијте ги, исчистете ги од семките и дршките, исечете ги на ленти и наредете ги во чисти тегли.

Кога ќе ја наполните теглата, додадете малку лук, бибер и магдонос. Во секоја тегла ставете по една лажичка сол и четири лажички шеќер.

Истурете четири лажички алкохолен оцет во секоја тегла. Пиперките прелијте ги со зовриена врела вода, до врвот.

Теглите добро затворете ги со чисти капачиња, па ставете ги во ладна рерна, вклучете ја на 90 степени и оставете ги така 90 минути.

По 90 минути исклучете го шпоретот и оставете ги теглите преку ноќ во шпоретот. Следниот ден пиперките се готови за јадење.

 

Слични објави

Тајните на совршениот унгарски гулаш: Ви носиме три проверени рецепти

Т.Ц.

Рецепт за феноменално домашно пилешко гиро

Т.Ц.

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан – крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.
Се вчитува....