7.8 C
Скопје
20:53 - 31 март, 2026

За брзо будење: Намирници кои веднаш ќе ви дадат енергија

Некои намирници можат да направат многу побрзо и подобро да се разбудите. Ако ги јадете и во текот на денот ќе бидете полни со енергија сè до вечерта. Еве некои од нив:

Банана
Бананите се совршена намирница за избалансиран појадок. Одлични се затоа што можат да го контролираат и стабилизираат нивото на шеќер во крвта, а најдобри се во комбинација со путер од кикирики, кој е одличен извор на протеини и масти.

Бадеми
Бадемите имаат најдобри својства ако се јадат свежи и несолени. Тие се одличен извор на здрави масти и на протеини, а помагаат во балансирање на нивото на шеќерот во крвта. Некои научни истражувања покажале дека 20 бадеми дневно можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Црно чоколадо
Заборавете на кафето со млеко и земете поголема штангла од омиленото темно чоколадо. Притоа важно е чоколадото да биде квалитетно, со најмалку 70 проценти какао. Какото е одличен извор на железо и магнезиум, а доколку наутро изедете една штангла веднаш ќе забележите дека се чувствувате побудно.

Јајца
Јајцата наутро ќе ве снабдат со протеини и железо, па така во текот на целиот ден ќе имате доволно енергија. Витаминот В8, што се наоѓа во јајцата често се доведува во врска со правилното функционирање на мозокот.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....