6.8 C
Скопје
07:54 - 1 април, 2026

Рецепт за превкусна проја со кисела павлака

Состојки:
5 јајца
2 лажички сол
10 грама црн пипер
200 грама кисела павлака
150 милилитри млеко
100 милилитри масло за јадење
1 морков
100 грама сирење
300 грама магдонос
1 страк праз
500 грама брашно
1 прашок за печиво
200 грама сусам

Подготовка:
Пред да започнете со подготовката на овој вид на проја, потребно е претходно да ги подготвите сите продукти. Токму затоа, празот, магдоносот, сирењето и морковот исечкајте ги колку што можете поситно. Потоа, во подлабок сад ставете ги јајцата и солта и кратко матете ги со миксер. Потоа во изматената смеса, додадете ја павлаката, брашното, прашакот за печово, црниот бибер, маслото и млекото и сето тоа убаво се меша со помош на вилушка.
Потоа во вака подготвената смеса, се додаваат претходно исечканите состојки и сето тоа заедно убаво се промешува. Вака подготвената смеса, се става во соодветно тавче за да се испече. Неколку минути пред да биде готова се наросува со сусам и повторно се враќа во рерна за да се допече.

Во продолжение погледнете уште една варијација на рецептот:

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....