5.8 C
Скопје
03:28 - 1 април, 2026

(РЕЦЕПТ) УМЕТНИЦА ВО ЖИВОТ, УМЕТНОСТ НА ТРПЕЗАТА: Елена Николоска Цветковиќ ни подготви ролат од тиква

Уметницата и мејк-ап артист Елена Николоска Цветковиќ, ни го разубавува денот со есенски рецепт, во нијанси на ова годишно време.

-Есента ја обожавам најмногу поради тиквата, па потоа – зимниците, шарените дрвја и отсуството на комарци – ни открива Елена и додава – Кога ќе се појават убавите тикви на пазар, едноставно не можам да им одолеам.
Од кралицата на есента – тиквата, овојпат Елена подготви ролат.
фото – приватна архива

Ролат од тиква

3 јајца се матат со 170гр. шеќер убаво да се разложи шеќерот, потоа се додаваат следните состојки:
1 лажица ванила екстракт
1/4 лажичка ѓумбир
1/4 лажичка мелено каранфилче
1 и 1/4 м.лажичка цимет
прстофт сол
1/2 лажичка пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
Се мати убаво со миксер. Потоа се прекинува со мешање со миксерот и се продолжува рачно, се додава 240гр пире од тиква кое се меша со лажица.
На крај се додава брашно околу 150гр., и тоа се меша постепено со лажица.
Откако ќе се добие хомогена густа смеса, се става во плех на хартија за печење. Се размачкува еднакво низ плехот и се става да се пече во претходно загреана рерна на 200C.
Откако ќе се испече, се префрла пандишпанот на крпа, на која претходно сме наросиле прав шеќер и додека е топол, полека се мота како ролат. Се остава да се излади.
Во меѓувреме се прави филот. Но претходно се сечкаат ситни парчиња тиква кои се ставаат во рамен сад и се попрскуваат со шеќер во прав и малку густин. Се дробат и ореви.
За филот потребно е најпрво со миксер убаво да се изматат:
150гр. омекнат путер на собна температура, на ова се додава
150гр. шеќер во прав, се мати, потоа се додава
300гр. крем сирење кое е на собна температура, на крај се додава
1 лажичка. густин, 1 лажичка ванила екстракт и сè заедно се миксира за да се добие хомогена кремаста смеса.
Потоа, откако убаво е изладен пандишпанот, се одмотува од крпата и се премачкува со филот, но не до крајот на кората. Врз филот се става од парчињата тиква и ореви, и внимателно се замотува во ролат, без многу стегнување. Се витка во стреч фолија и се остава во фрижидер за убаво да се стегне. Се декорира по желба.
– Напоменувам дека пандишпанот треба да е тенок, па според смесата ќе одредите и во колкав плех ќе го печете. Пирето од тиква не треба да е многу водесто, ако ја варите тиквата потоа треба убаво да ја исцедите, бидејќи ако е поводеста, ќе ви треба поголема количина на брашно. Најдобро е да ја испечете, во тој случај се добива пире од тиква која не впила многу вода – советува Елена.
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....