6.8 C
Скопје
07:34 - 31 март, 2026

РЕЦЕПТ: Супер здрави лава колачи без печење

лава колач

За многумина десертот е „најтешката“ задача во кујна. Дали ќе се погоди тестото, дали ќе биде доволно благо, дали ќе биде совршено испечено… Но, за некои вкусни задоволства не морате воопшто да уклучувате рерна. Доколку се мислите со што да ги изненадите вашите најблиски денес, имаме одлична идеја за вас. Лесен рецепт за безвременските лава колачи. 

Потребни состојки за тестото:

  • по 1 чаша овесни снегулки, ореви, непресувани урми и суво грозје
  • – ½ чаша рогач во прав (или какао)

Потребни состојки за филот:

  • 1 чаша путер од бадеми (или кикиритки)
  • 1 чаша непресувани урми
  • 3 лажици мед
  • ½ до 1 чаша рогач (или какао)
  • по ½ лажичка цимет, сол и чили во прав
  • бадемово млеко, по потреба

ПОДГОТОВКА:

Во процесор за храна сомелете ги овесните снегулки, оревите и рогачот додека добиете грубо брашно. Додадете ги урмите (ако се пресувани откиснете ги вода) и сувото грозје и мелете додека убаво се соедини.

Со 2/3 од тестото во калапи (или во мали чашки) направете корпички и оставете ги во фрижидер да се стегнат. Преостанатата 1/3 од тестото искористете ја да направите капачиња со дијаметар колку корпичките. И капачињата ставете ги во фрижидер.

Во меѓувреме подгответе го филот: изблендирајте ги состојките додека добиете кремаста смеса. Полека додавајте од растителното млеко додека смесата стане течна. Со ова наполнете ги корпите од тесто, па затворете ги со капачињата и нежно притиснете да се залепат. Оставете ги кратко во фрижидер пред да ги послужите.

Пријатно јадење!

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....