14:51 - 1 април, 2026

(РЕЦЕПТ) Штрудла со вишни

Состојки:
500 грама кори за баклава
150 милилитри масло за јадење
300 милилитри јогурт
250 грама шеќер
3 јајца
150 грама гриз
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
600 грама вишни без семка (свежи или замрзнати)

Подготовка:
Во подлабок сад, изматете ги јајцата, маслото за јадење, јогуртот, гризот, шеќерот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Смесата што ќе ја добиете треба да биде густа.
Потоа, подмачкајте ја тавата во која ќе ги печете штрудличките и почнете со нивна подготовка.
Земете една кора и испрскајте ја со претходно подготвената смеса. Врз неа ставете ја и втора кора а во средината додајте ги вишните. Корите свиткајте ги во форма на ролат. Добиениот ролат, ставете го во тавата за печење.
Постапката за подготовка на штрудлите, повторувајте ја додека имате намирници. Подготвените штрудли печете ги во претходно загреана рерна на температура од 180 степени околу 15 минути.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....