11.8 C
Скопје
13:34 - 27 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) Наташа ни подготви зелени здрави вафли без брашно: Внесете малку бои на вашата трпеза

Наташа Мустафа

На голема радост на сите вас – почнавме уште една прекрасна соработка со готвачка за која готвењето е уметност – Наташа Мустафа.

Оваа врвна креативка во кујна своите маестрални рецепти ги објавува на својот инстаграм-профил, а сега вкусните рецепти ги доближуваме и до вас!

„Љубовта кон готвењето ја наследив од две прекрасни жени, извонредни во кујна, мајка ми Зоре и баба ми Рада. Готвењето ме опушта и преку него ја изразувам мојата креативност. Готвам, сервирам, фотографирам.Тоа е мој начин да ја раскажам приказната и пренесам пораката дека готвењето е уметност“, ни открива нашата драга Наташа.

Денес Наташа ни подготви зелени здрави вафли без брашно. Се прават со само четири состојки!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Наташа М. (@natasaemil)

Потребни состојки:

  • овесни снегулки 60 грама
  • сирење или урда 60 грама
  • спанаќ 80 грама
  • јајце
  • малку пециво или сода бикарбона

Подготовка:

Сè се става во блендер. Се пече во апарат за вафли. Сервирав со кисело млеко.

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....