04:49 - 7 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Сочни и неодоливи полнети компири – совршен оброк или мезе

tea компири рецепт

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Имам топ рецепт кој верувам дека нема шанси да не ви се допадне – полнети компири со чедар кашкавал и Алфредо сос. Толку се вкусни што ќе сакате секој ден да ги имате на вашето мени, ни вели Теа.

Потребни состојки:

🥔4 големи компири
🥔125гр. моцарела
🥔150гр. чедар кашкавал
🥔100гр. сланина
За Алфредо сос:
🥔50гр. путер
🥔250 мл. неутрална павлака
🥔лук во прав
🥔сол
🥔бибер
🥔100гр. рендан пармезан

Подготовка:

Прво компирите убаво измијте ги и ставете ги да се варат во тенџере со лушпа.
Во тавче ставете ја сланината исецкана на ситни парчиња да се пропржи некоја минута, а потоа додадете ја павлаката. На тивок оган со постојано мешање оставете ја да покрчка додека да се згусне. Посолете, додадете малку бибер и лук во прав и на крај додадете го пармезанот. Промешајте за да се стопи и тргнете го од оган.
Откако ќе бидат сварени компирите пресечете ги на половина и издлабете ја внатрешноста. Внатрешноста измешајте ја со Алфредо сосот и моцарелата, а потоа вратете ја смесата во компирите. Одозгора ставете по неколку парчиња чедар и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути.

На здравје и уживајте!

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....