09:54 - 17 ноември, 2026

УТРЕВЕЧЕР: Пијанистот Дино Имери и квартетот „Такси Конзилиум“ на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Утревечер, во рамките на последната фестивалска вечер од второто издание на „Крај Вардарот Џез“ во 20 часот, во кино Фросина, МКЦ ќе настапат квартетот „Такси Конзилиум“, а веднаш по нив, Дино Имери, еден од најдобрите надоаѓачки композитори и пијанисти за современа класична музика кај нас, кој ќе настапи соло на пијано.

„Такси Конзилиум“ е квартет на еден од македонските водечки џез гитаристи, Филип Букршлиев. Албумот „The Essential Sunday Gloom“ во издание на ПМГ Џез е прогласен за џез албум на месецот на Бенд Кемп, каде што патем речено извонредно проаѓа. Во Такси Конзилиум, освен него, членуваат уште неколку извонредни млади музичари: Андреа Мирческа на контрабас, Драган Теодосиев на тапани и Благојче Томевски на кларинет. Нивниот звук е цврст и силно модерен, небаре излезен од некој „катинг еџ“ њујоршки џез клуб.

Дино Имери веќе издаде и промовираше успешно авторско ЦД со наслов „Refleciotns“ за ПМГ Џез. Неговиот развој како композитор на современа класична музика е поврзан со оваа дискографска куќа, за која во моментов подготвува ново издание. Утревечер, Имери, ќе настапи соло на пијано.

„Крај Вардарот Џез“ е годишен фестивал на дискографската куќа ПМГ Џез. Овој фестивал е логична последица на работата на оваа издавачка куќа, која успеа за само 3 години да издаде 30 висококвалитени изданија да внесе раздвиженост на џез сцената и да потикне нов бран артисти.

Минатата година беше реализирано првото издание на фестивалот “Крај Вардарот Џез“, кое беше еден од најзабележителните и најквалитетни музички настани во земјата за 2020та. И покрај специфичните пандемиски услови, фестивалот остави силен впечаток кај публиката и критиката, но и аманет за продолжување на добрата работа.

Концертот во МКЦ ќе се одржи според актуелните владини мерки во услови на пандемија.

Бројот на билети е во строго ограничен број.

Слични објави

За утро што мириса на цимет — рецепт за меки ролнички со кремаст прелив

К.С.

Наутро мотивирана, навечер без карактер: Дали навистина проблемот е во недостигот на дисциплина?

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Лавови, вашата позитивна енергија ќе донесе мотивација во работното опкружување

Еспресо

(Видео) Се огласи соседката чиј автомобил изгоре покрај џипот на Александра Пријовиќ: „Бесна сум како рис, немам никаква врска со ова“

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ објави емотивна порака за роденденот на Немања: „Бог знаеше дека заедно ќе ја доживееме најголемата љубов“

Еспресо

(Фото) Стаклен ѕид ја поврзува спалната соба со бањата: Огњен Амиџиќ вложил 100.000 евра во реновирање, а Мина добила гардеробер од соништата

Еспресо
Се вчитува....