17:29 - 8 април, 2026

Намирници со повеќе протеини

Сакате оброк богат со протеини, но не ви се јаде месо, ниту јајца. Еве неколку намирници, богати со протеини, кои сигурно ќе го збогатат вашиот оброк.

Сува спирулина

Рибата не е единствениот жител на морето кој содржи доста протеини – само две лажици морски алги содржат дури осум грама протеини, и само 40 калории. Спирулината можете да ја додадете во салати или врз печениот зеленчук.

Печена соја

Една четвртина шолја од овие грицки содржи 15 грама протеини, но и доста влакна и калиум.

Грчки јогурт

Кога станува збор за протеините, една порција од грчки јогурт содржи 17 грама протеини и 100 калории.

Гриер сирење

Само 30 грама од ова тврдо швајцарско сирење има повеќе од 8 грама протеини. Но доколку водите сметка за килограмите, земете во предвид дека 30 грама од ова сирење имаат 117 калории.

Семки од тиква

Семките од тиква се познати како богат извор на магнезиум, но исто така само една четвртина од шолја од овие семки содржи 10 грама протеини.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо
Се вчитува....