Состојки:
500 гр макарони
10 гр сол
100 мл масло за јадење
2 тиквички
500 гр кравјо сирење
200 мл кисела павлака
3 јајца
Подготовка:
Земете поголемо тенџере и наполнете го со вода. Во него додајте ги солта и маслото за јадење и ставете на оган да зоврие. Откако водата ќе зоврие, во неа ставете ги макароните и почекајте да се сварат. Кога ќе видите дека макароните омекнале, извадете ги од врелата вода и измијте ги со ладна вода. На тој начин ќе спречите да се залепат една за друга во тавата.
Потоа истурете ги во претходно подмачкана тепсија.
Врз нив со помош на прстите убаво изронете го сирењето, додајте ги двете претходно изрендани тиквички, павлаката и јајцата. Зачинете по желба и убаво измешајте.
Вака подготвените макарони, ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.