7.8 C
Скопје
23:06 - 31 март, 2026

Посно макало од ореви – од традиционалната македонска кујна

Божиќните пости кои траат 40 дена се голем предизвик за верниците, а ние ви носиме посни рецепти за идеја од традиционалната македонска кујна.

Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогати со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Овојпат ќе ви претставиме брз и лесен рецепт на домашен намаз кој е одличен избор за брз ручек, а може да се комбинира со многу други посни јадење како додаток или како главно јадење.

Состојки:

– 6 компири
– 300 гр. мелени ореви
– 2 лажици доматно пире
– 2 лажици сенф
– сок од ½ лимон
– 2 чешниња лук
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Сварете ги компирите и со пасирање подгответе ги како за пире. Ставете го пирето во подлабок сад и додадете сол, бибер, лук (убаво истолчен), доматно пире, сенф, ореви и лимон.

Измешајте ја смесата убаво со миксер додека не добиете хомогена смеса.

Намазот ставете го стаклена тегла и уживајте во него кога и да посакате на топло лепче.
Одлично оди и со печени компири или во комбинација со некоја свежа салата.

Добар апетит!

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....