-0.2 C
Скопје
05:25 - 13 март, 2026

Готвачот Џејми Оливер прави емисија додека е во карантин! (ФОТО)

Омилениот кувар на многумина, Џејми Оливер, ги запраша своите пријатели на Фејсбук што би можел да направи за нив, бидејќи и Британците минатата недела се придружија на остатокот од светот кој е затворен во изолација и карантин. Не требаше да чека долго време одговор, луѓето многу јасно и прецизно кажаа што сакаат од него – едноставни рецепти кои можат да се направат брзо, користејќи намирници што веќе ги имаат, но и да им понуди идеални решенија за јадења кои можат да се замрзнат. За помалку од 7 дена Џејми го направи тоа што се бараше од него. Всушност, за само 3 дена сними серија од 5 епизоди, а првата ја објави во понеделникот.

Just leaving all the recipes from #KeepCookingCarryOn here…???Versatile veggie chilliSuper quick fresh pastaEasy…

Publiée par Jamie Oliver sur Lundi 23 mars 2020

Џејми новата серија ја нарече „Jamie: Keep Cooking and Carry On”, што е игра на зборови на познатата британска реченица „Keep Calm and Carry On”. Токму и како тие мотивациски зборови кои на плакати од владата за време на Втора Светска војна во 1939 година се прошириле низ земјата, така Џејми сега сака да им ја олесни изолацијата на своите сограѓани. А, благодарение на интернетот и англискиот јазик, рецептите може да ги разбере и поголем дел од светот. Тој објасни дека рецептите се подложни на промени и доколку немате некоја намирница можете да ја замените со тоа што ви е останато во кујна. Исто така, тој сака да покаже и рецепти каде што нема да морате да фрлате ништо, едноставно ќе го замрзнете јадењето.

Лесни и вкусни рецепти се тоа што можете да пронајдете на неговата фејсбук-страна деновиве.

Get all the recipes from tonight's episode of #KeepCookingCarryOn online!Basic bread & tips to turn into twister bread…

Publiée par Jamie Oliver sur Mardi 24 mars 2020

Слични објави

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

Три рецепти за освежувачки колач со лимон – одберете си го омилениот

Еспресо

Садење медитерански билки: Што им е потребно на лавандата, жалфијата, рузмаринот и ловорот?

Еспресо

Донесете пролетни вкусови на трпезата со печурки полнети со спанаќ и сирење

Еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо
Се вчитува....