00:20 - 7 април, 2026

(ФОТО) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Посен чоколаден колач – Нема шеќер, а сепак нема да може да му одолеете!

посен колач рецепт

Знам дека после 22:00 часот и те како игра стомак за благо, па дури и солено.

Јас имам повеќе од одличен рецепт за вкусен чоколаден посен колач без шеќер. Нема да му одолеете! Ќе го снема за помалку од што се подготвува! Трк во кујна.

(ФОТО) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Најздравиот домашен леб без брашно со јатки и семки!

Посен чоколаден колач

Потребни состојки:

– 350мл. кокосово масло
– 400гр. бадемово брашно
– 300гр. мелени бадеми
– 400мл. jаворов сируп
– 300мл. oризово млеко
– 100гр. какао
– 1 пакетче прашок за пециво
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 350гр. црно чоколадо
– чоколадни трошки или парчиња посно чоколадо

фото: приватна архива

Начин на подготовка:

– Во голем сад додадете ги состојките по следниот редослед.

– Прво, бадемовото брашно убаво измешајте го со кокосовото млеко, потоа додадете мелени бадеми, јаворов сируп, какао и оризово млеко. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса која ќе се лепи за самиот сад. Потоа додадете го пецивото, солта, ванилата и растопеното чоколадото. Убаво промешајте.

– Во округли сад за печење поставете хартија за печење и истурете ја смесата. Додадете ги чоколадните трошки или парчињата чоколадо врз смесата за печење.

– Печете на температура од 200 степени со постепено намалување околу 20 минути.

– Чоколадните парчиња послужете ги со прелив од чоколадо и малини.

Уживајте во вкусот!

#cookingwithbranko

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Вегански чизкејк со кокос и калинка од кој ќе посакате и второ парче

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....