Сигурно сте прочитале дека за добро здравје е идеално да се направат 10.000 чекори. Можеби дури и на телефонот имате апликација која ги брои чекорите и кога ќе ја исполните нормата, добивате порака во која ви честитаат на успехот. Еве неколку причини зошто би требало дневно да направиме токму 10.000?
Го зајакнуваме срцето
Умереното и долготрајно движење е идеално за срцето кое на тој начин се тренира, односно се зајакнува. За време на одењето пулсот само малку се забрзува, па срцето премногу не се преоптоварува, а сепак работи повеќе отколку при седењето или стоењето. Оној кој редовно прави по 10000 чекори, секојдневно го зајакнува срцето.
Поретко сме болни
Ако навистина правиме по 10.000 чекори дневно, тоа го правиме и во зима, на ветар и на дожд. Така ќе го зацврстиме и ќе го зајакнеме имунитетот. Истовремено се намалува крвниот притисок и се намалува ризикот од инфаркт и мозочен удар.
Слабееме
Редовното движење брзо ќе покаже резултати и на вагата. Значи, ако сакате да ослабете, пешачете по 10.000 чекори дневно.
Порасположени сме
Ако сте често нервозни или под стрес, одењето е идеално средство против тоа. Рамномерното движење опушта.
Стануваме покреативни
Истражувањата покажале дека шетањето ја подобрува креативноста. Значи, ако ве мачи некој проблем, излезете и прошетајте. Секој чекор ќе ве приближи до решение на проблемот.
Но не е толку лесно да се направат 10.000 чекори секој ден. Еве некои совети како да го постигнете тоа…
Одете пеш до работа (ако немате повеќе од 2-3 километри) и не користете лифт.
Прошетајте за време на паузата.
Договорете се со пријателите заедно да „собирате“ чекори.
Паркирајте се подалеку од работното место.
Симнете се од автобусот една станица порано.