1.8 C
Скопје
13:18 - 20 декември, 2024

Скри­е­на бо­лест: Нис­ки­от ше­ќер во крв­та е ед­нак­во опа­сен ка­ко и ви­со­ки­от

Хи­пог­ли­ке­ми­ја­та е сос­тој­ба што се ка­рак­те­ри­зи­ра со аб­нор­мал­но нис­ко ни­во на ше­ќер во крв­та (гли­коза), глав­ни­от из­вор на енер­ги­ја пот­реб­на од ва­ше­то тело. По­че­то­кот на хи­пог­ли­ке­ми­ја мо­же да се дол­жи на пре­до­зи­ра­ње со ин­су­лин, за­не­ма­ру­ва­ње на препо­ра­ча­ни­от рас­по­ред за ја­дење, ка­ко и пре­ку­мер­на или пре­дол­га фи­зич­ка ак­тив­ност.

Хи­пог­ли­ке­ми­ја­та обич­но е пов­рза­на со трет­ма­нот на ди­ја­бе­тес. Се­пак, го­лем број сос­тојби, мно­гу од нив ретко, мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат нис­ко ни­во на ше­ќер во крв­та кај лу­ѓе што не­ма­ат ди­ја­бе­тес. Хи­пог­ли­ке­ми­ја­та не е са­мо бо­лест, ту­ку ин­ди­ка­тор за здрав­ствен проб­лем.

При­чи­ни за хи­пог­ли­ке­ми­ја

Хи­пог­ли­ке­ми­ја се ја­ву­ва ко­га ни­во­то на ше­ќер во крв­та (гли­коза) ќе пад­не прем­но­гу ниско. Постојат не­кол­ку при­чи­ни зош­то ова мо­же да се случи, а нај­чес­то е не­са­кан ефект на ле­ко­ви­те што се ко­рис­тат за ле­ку­ва­ње на ди­ја­бе­тес.

За вре­ме на ва­ре­њето, ва­ше­то те­ло рас­па­ѓа јаг­ле­ни хид­ра­ти од хра­на – как­ви што се леб, ориз, тес­те­нини, зе­лен­чук, овош­је и млеч­ни про­из­во­ди – во раз­лич­ни мо­ле­ку­ли на ше­ќер. Еден од овие мо­ле­ку­ли на ше­ќер е гли­ко­зата, глав­ни­от из­вор на енер­ги­ја за ор­га­низ­мот. Гли­ко­за­та се ап­сор­би­ра во крво­то­кот по об­ро­кот, но не мо­же да се слу­чи без по­мош на ин­су­лин – хормон што го ла­чи пан­кре­а­сот.

Гли­ко­за­та е ше­ќер во сво­јот сос­тав и слу­жи ка­ко кле­точ­но го­риво, од­нос­но из­вор на енер­ги­ја за клет­ките. Цр­ни­от дроб ја ре­гу­ли­ра гли­ко­за­та во крвта, доз­во­лу­вај­ќи им на си­те клет­ки во ор­га­низ­мот да има­ат со­од­вет­но снаб­ду­ва­ње со енер­гија. За раз­ли­ка од не­кои дру­ги тки­ва (как­ви што се мус­ку­лите), мо­зо­кот има по­стоја­на пот­ре­ба од енер­гија, та­ка што не е пот­ре­бен ин­су­лин за да се до­не­се глуко­за­та во мо­зоч­ни­те клет­ки и да се ко­рис­ти ка­ко из­вор на енер­гија.

Концен­тра­ци­ја­та на глуко­за во крв­та и не­го­во­то вне­су­ва­ње во раз­ни тки­ва за­ви­си од хормо­ни­те на пан­кре­а­сот: глу­ка­гон и ин­су­лин.

Ин­су­ли­нот го про­мо­ви­ра вне­су­ва­ње­то на гли­ко­за­та во клет­ки на раз­лич­ни тки­ва и се ла­чи ко­га се вне­су­ва до­вол­но глукоза, до­де­ка глу­ка­го­нот се из­ла­чу­ва под ус­ло­ви ко­га е не­оп­ход­но да се од­ржи ни­во­то на гли­ко­за во крв­та на оп­ти­мал­но ни­во ка­ко што е по­ме­ѓу об­ро­ците.

Опас­на за мо­зо­кот

Хи­пог­ли­ке­ми­ја­та е осо­бе­но опас­на за мо­зо­кот, би­деј­ќи мо­зо­кот има мно­гу ог­ра­ни­че­на мож­ност да ко­рис­ти дру­ги из­во­ри на енер­ги­ја пок­рај глуко­зата.

До­кол­ку не сте ја­де­ле не­кол­ку ча­сови, ни­во­то на ше­ќер во крв­та се спушта, а друг хормон на пан­кре­а­сот, глу­ка­гон, го сигна­ли­зи­ра цр­ни­от дроб да ја ос­ло­бо­ди гли­ко­за­та во крво­то­кот. Ова од­ржу­ва нор­мал­но ни­во на ше­ќер во крв­та до след­ни­от об­рок.

По­рет­ко се по­ја­ву­ва кај лу­ѓе­то што не­ма­ат ди­ја­бе­тес

Хи­пог­ли­ке­ми­ја кај лу­ѓе­то што не се ди­ја­бе­ти­ча­ри е мно­гу по­ретка. При­чи­ни­те мо­жат да вклу­чу­ваат:

– Ле­ко­ви – Од­ре­де­ни ле­ко­ви мо­же да пре­диз­ви­ка­ат хи­пог­ли­ке­мија, осо­бе­но кај де­ца или ли­ца со буб­реж­на сла­бост.

– Ал­ко­хол – Мо­же да пре­диз­ви­ка цр­ни­от дроб пра­вил­но да бло­кира.

– Теш­ка бо­лест – Теш­ка бо­лест на цр­ни­от дроб, ка­ко што е хе­па­ти­тис, мо­же да пре­диз­ви­ка хи­пог­ли­ке­мија. На­ру­шу­ва­ње­то на ра­бо­та­та на  буб­ре­зи­те за вре­ме на ле­че­ње­то мо­же да пре­диз­ви­ка неп­ра­вил­но из­ла­чу­ва­ње на ле­ко­вите, а со тоа да вли­јае врз ни­во­то на гли­ко­за во крв­та по­ра­ди нив­на­та аку­му­ла­ција. Дол­гот­рај­но­то гла­ду­вање, при на­ру­шу­ва­ња во ис­хра­на­та (ано­рек­сија), ис­то така, мо­же да до­ве­де до хи­пог­ли­ке­мија.

– Пре­го­ле­ма про­дук­ци­ја на ин­су­лин – Ре­док ту­мор на пан­кре­а­сот мо­же да пре­диз­ви­ка хи­пер­про­дук­ци­ја на ин­су­лин, што ре­зул­ти­ра во хи­пог­ли­ке­мија.

– Не­дос­та­ток на хормо­ни – Од­ре­де­ни на­ру­шу­ва­ња на над­буб­реж­на­та жлез­да и хи­по­фи­за­та мо­же да ре­зул­ти­ра­ат со не­дос­та­ток на клуч­ни хормо­ни што го ре­гу­ли­ра­ат про­из­вод­ство­то на гли­коза. Де­ца­та со так­ви на­ру­шу­ва­ња се по­ве­ќе скло­ни кон хи­пог­ли­ке­ми­ја от­кол­ку воз­рас­ните.

Де­ца и бе­биња

Хи­пог­ли­ке­ми­ја мо­же да се по­ја­ви и кај де­ца и бе­биња. Со до­е­ње­то мо­же да му по­мог­не­те на бе­бе­то да ја по­бе­ди хи­пог­ли­ке­ми­јата. Хи­пог­ли­ке­ми­ја мо­же да се по­ја­ви пов­ре­ме­но или по­след­о­ва­тел­но кај ма­ли­те деца.

Ако за­бе­ле­жи­те де­ка ва­ше­то бе­бе е чес­то е по­спа­но и сла­бо – вре­ме е да по­се­ти­те ле­кар. Ако не­кој во ва­ше­то се­меј­ство имал или стра­дал од хи­пог­ли­ке­мија, то­гаш тоа нај­ве­ро­јат­но е нас­лед­на сос­тојба. Кај бе­би­ња што стра­да­ат од хи­пог­ли­ке­мија, се препо­ра­чу­ва за­си­ле­но до­ење. Кај но­во­ро­ден­чиња, хи­пог­ли­ке­ми­ја­та е теш­ко да се ди­јаг­нос­ти­ци­ра за­тоа што так­ви­те ма­ли де­ца по­стоја­но спи­јат.

Трет­ма­нот е ин­ди­ви­ду­а­лен за се­кое дете, во за­вис­ност од тоа што по­ка­жа­ле ана­ли­зите. Теш­ка хи­пог­ли­ке­ми­ја мо­же да до­ве­де до мен­тал­на ре­тар­да­ци­ја или ср­це­ва сла­бост, па за­тоа е мно­гу важ­но да се ди­јаг­нос­ти­ци­ра и кон­тро­ли­ра хи­пог­ли­ке­ми­ја кај де­ца нав­ре­мено.

Сим­пто­ми и ле­ку­вање

Сим­пто­ми­те на хи­пог­ли­ке­ми­ја ва­ри­ра­ат од слу­чај до друг. Прво, по­стои чув­ство на неп­ри­јат­ност, а по­тоа по­тење. По­не­ко­гаш не­кое лице, иа­ко не е свес­но за тоа, мо­же да ста­не аг­ре­сивно. Во ек­стрем­но теш­ки слу­чаи, мо­же да се по­ја­ви и нес­вес­тица. Кај помла­ди­те лу­ѓе се по­ја­ву­ва­ат гр­чеви.

До­кол­ку ни­во­то на гли­ко­за ста­не прем­но­гу ниско, мо­же да се по­ја­ви хи­пог­ли­ке­ми­ја и мо­же да се по­ја­ват сле­дни­ве сим­птоми:

– Сил­но чу­ка­ње на ср­цето;

– За­мор;

– Бле­да кожа;

– Не­од­луч­ност;

– Ан­кси­оз­ност;

– По­тење;

– Глад;

– Раз­драз­ли­вост;

– Боцка­ње око­лу ус­тата;

– Пла­че­ње за вре­ме на сон;

Вло­ше­на­та сос­тој­ба се ма­ни­фес­ти­ра со:

– Кон­фу­зи­ја и аб­нор­мал­но од­не­су­вање;

– Не­мож­ност за зав­ршу­ва­ње ру­тин­ски за­дачи;

– Ви­зу­ел­ни на­ру­шу­ва­ња (за­ма­тен вид);

– На­пади;

– Нес­вес­тица.
Нај­до­бри­от лек за хи­пог­ли­ке­ми­ја­та е вне­су­ва­ње­то до­вол­но ше­ќе­ри во ор­га­низ­мот ка­ко и здра­ва­та ис­храна. До­кол­ку ана­ли­зи­те се по­зи­тивни, ва­ши­от док­тор ќе ви да­де со­од­ве­тен трет­ман за бо­леста. Трет­ма­нот вклу­чу­ва бр­зи че­ко­ри за вра­ќа­ње на ни­во­то на ше­ќер во крв­та во нор­мал­ни­от оп­сег од 3,9 – 6,1 mmol на ли­тар; или со го­ле­ма сод­ржи­на на ше­ќер во хра­на­та или ле­ко­вите. Дол­гот­рај­ни­от трет­ман ба­ра иден­ти­фи­ка­ци­ја и трет­ман на ос­нов­на­та при­чи­на за хи­пог­ли­ке­мија.

Хи­пог­ли­ке­ми­ја­та обич­но се слу­чу­ва ко­га не ја­де­те дол­го вре­ме (гла­ду­вање), но тоа не е се­ко­гаш слу­чај. По­не­ко­гаш се ја­ву­ва по об­рок би­деј­ќи те­ло­то про­из­ве­ду­ва по­ве­ќе ин­су­лин от­кол­ку што е пот­ребно. Овој вид хи­пог­ли­ке­ми­ја се на­ре­ку­ва ре­ак­тив­на и е нај­чест кај лу­ѓе што има­ле опе­ра­ци­ја на же­луд­ни­кот.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....