Многу кориснички на Инстаграм ширум светот најдоа начин како дури и од коронавирусот да извлечат нешто сексапилно.
Бројни стартлети, реалити ѕвезди, модели и инфлуенсерки почнаа нов тренд на „секси самоизолација“, што значи објавување на слики со голотија од своите домови, каде моментално ги минуваат деновите изолирани од другите во рамките на мерките за претпазливост од коронавирусот.
Трендот на голема врата го воведоа Деми Роуз Мавби и Кинси Волански, кои позираа сосема голи на Бахамите, каде моментално се „изолираат“.
„Партнерки од карантин“, така пишува во описот на овие навистина „жешки“ фотогтрафии.
Во ова им се придружи и Бела Хадид која објави селфи од тоалет и откри дека четири дена е во самоизолација.
Со детали од голото тело се пофали и пејачката Дуа Липа, а во продолжение погледнете некои од овие фотографии кои се објавуваат на Инстаграм, додека трае самоизолацијата…