19:32 - 2 април, 2026

Нега на косата на природен начин

Маските се генерално добри за нега на косата, а ако сакате ефектот да биде баш сјајна коса, пробајте некои од овие:

– Желатин – не ви треба некој посебен, туку оној во ќесичка што се користи во исхраната. Тоа е протеин што ќе направи вашата коса да стане мазна, свиленкаста и суперсјајна. Потребно е да помешате една лажица желатин и шолја топла вода и да го растворите правот во неа. Додајте една лажица јаболков оцет кој е сам по себе добар за сјај на косата. Нанесете на косата и оставете да стои 15 минути. Потоа исплакнете ја косата со млака вода.

– Јајце – сигурно многупати сте слушнале дека маската од јајце прави чудо за косата, а сјајна коса ќе добиете уште од првиот третман. Обидете се со следново. Изматете три јајца и малку маслиново масло. По миењето на косата нанесете ја оваа мешавина на целата коса и оставете да делува барем половина час. Сјајот на косата после тоа ќе ве воодушеви.

– Јогурт – едноставна маска од јогурт ќе ги омекне влакната и ќе го врати сјајот на косата благодарение на млечната киселина која ќе ги нахрани влакната и ќе ги отстрани наслагите од различните производи од косата. Нанесете го јогуртот на косата, замотајте ја главата со пешкир и оставете да делува половина час.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....