5.8 C
Скопје
17:49 - 18 декември, 2024

Како цигарите влијаат на мозокот? Дознајте кои процеси се одвиваат по секоја запалена цигара

Да претпоставиме дека сте пушач и ја палите својата прва цигара во денот. По неколку моменти почнувате да ги чувствувате промените во својот ум кои го носи пушењето. Речиси сите, вклучувајќи ги и самите пушачи, ги признаваат долгорочните ризици по здравјето кои ги носи пушењето, а посебно рак на белите дробови и срцеви заболувања.

Повеќето пушачи гледаат на пушењето како нешто позитивно: Како стимуланс кој прави да се чувствувате будни, бистроумни и поспособни да се концентрирате на некоја работа.

Меѓутоа, дали пушењето навистина ги остварува овие дејствија? Не, станува збор за заблуда.

За најмногу 10 секунди од вашето прво вдишување, никотинот, еден моќен алкалоид, продира во вашиот крвоток, ја преминува пречката која го штити мозокот и почнува да дејствува врз неговите клетки.

Молекулите на никотинот се вметнуваат како клучеви во рецепторите на површината на мозочните неврони. Всушност, никотинот влегува во истите брави како и еден од најважните мозочни невротрансмитери, ацетилхолин. Имитирајќи ацетилхолин, 1,5 милиграми никотин добиен од пушењето на вашата прва цигара овозможува физичко будење на хемикалиите, вклучувајќи ги адреналинот и норадреналинот.

Тоа ви дава дополнителен стимуланс и на тој начин се зголемува дотокот на крв во мозокот. Ако во тој момент на вашата глава се прицврстат електроди поврзани со електроенцефалограф, вашиот EEG речиси веднаш ќе регистрира промени во мозочните бранови.

Вашата мозочна емисија на алфа бранови – електрични импулси поврзани со одмор во будна состојба – најпрво нагло опаѓа, но се враќа во нормала во моментот кога ќе ја испушите вашата прва цигара. 

Делта брановите, поврзани со спиењето, како и тета брановите, вклучени во емоциите, креативната имагинација и длабокото мислење, растат значително послабо.

Меѓутоа, електричната емисија на вашиот мозок е преплавена со бета бранови, кои обично се манифестираат за време на интензивна концентрација и ментални активности.

Десет вовлечени димови веќе навлегле во вашите бели дробови и првата цигара веќе изгорела во пепел. Се чувствувате полни со енергија и бистар ум. Дали сте сега поконцентрирани од, на пример, вашиот колега кој е непушач?

Вие можеби така мислите, но вашата состојба на умот делумно е подобрена и поради фактот дека сте прекинале со внесување на никотин. А тогаш всушност се подготвувате да започнете следен таков период. Во наредните 30 минути нивото на никотин кој сте го внеле значително се намалило, а вие чувствувате како вашата енергија да почнува да се губи.

Ја палите втората цигара. Најпрво чувствувате бран на адреналин, но сега искуството е малку поинакво. Никотинот активира низа на биохемиски промени во мозокот. Супстанцата за регулирање на стрес наречена кортизол, наеднаш се ослободува, заедно со бета ендфоринот, мозочен ублажувач на болки кој потсетува на опиум.

Со втората цигара почнувате да чувствувате еден до парадоксите на пушењето, а тоа е дека во една доза може да ве стимулира, а во друга да ве успие.

Чувствувате дека мускулите низ целото тело почнуваат да се релаксираат и вашиот праг на болка расте. Поминале уште триесетина минути и вашето внимание почнува да се одвраќа од вашата работа, пренесувајќи се кон кутијата цигари која е до вас. Потребата што пушачите ја чувствуваат за никотин е повеќе од психолошка, повеќе од навика или желба што луѓето ја чувствуваат за чоколадо.

Никотинот ги принудува клетките на мозокот да произведуваат многу повеќе никотински рецептори отколку што тоа би се случувало во нормални услови. Ова му овозможува на мозокот да функционира нормално и покрај неприродната количина на супстанца слична на ацетилхолин која делува на него. Никотинот на тој начин го трансформира мозокот, така што пушачот се чувствува нормално кога никотинот ги преплавува неговите неврони, а абнормално кога не се случува тоа.

Може да се каже дека пушачите секогаш живеат на раб од висока карпа, вели Џек Хенингфилд од Американскиот национален институт за злоупотреба на лекови во Балтимор.

Американското здружение на психијатри го опишува прекинувањето на пушењето како органско ментално нарушување предизвикано од никотин чии симптоми вклучуваат страв, раздразливост, фрустрација, гнев, немир, несоница, намален број на отчукувања на срцето и зголемен апетит.

По неполн половина час вие ја палите третата цигара. Во споредба со претходната, новата цигара сега има непријатен вкус. Ако сте слични со повеќето од неколкуте стотици милиони луѓе кои се пушачи, вие потоа ќе запалите следна цигара, па повторно уште една, така што речиси палањето на нова цигара ќе ви се претвори во рефлекс. Пушачите во просек пушат по 30 цигари на ден, што значи скоро 110.000 вдишувања годишно.

Покрај никотинот, тие вовлечени димови содржат јаглерод моноксид. Овој гас го краде кислородот од пушачите, врзувајќи го најмалку 200 пати посилно од кислородот за хемоглобин, кој редовно снабдува кислород во клетките на целото тело. Поради јаглерод моноксидот, атомите на кислородот не доаѓаат до клетките.

Ако значителен процент од вашиот хемоглобин се направи бескорисен „благодарение“ на јаглерод моноксид, вие речиси сигурно би умреле. Секоја цигара испумпува 10 до 20 милиграми јаглерод моноксид во вашите бели дробови. Луѓето обично губат 3 до 9 проценти од нивната способност за пренесување на кислород додека пушат.

Во периоди на интензивно пушење, таа загуба може да надмине 10 проценти, што може да ја забави брзината на реагирање и да ја намали менталната будност.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Проблеми со видот – рефрактивни аномалии

Еспресо
Се вчитува....