1.8 C
Скопје
17:25 - 23 декември, 2024

Исхрана што 20 години им помага на луѓето со висок крвен притисок

Потребно е да се следи планот за исхрана креиран за намалување на крвниот притисок и холестеролот.

Исхраната богата со овошје и зеленчук, а со малку заситени маснотии, може значително да го намали ризикот од срцев удар кај луѓето со благо зголемен крвен притисок.

Научниците дошле до спомнатиот заклучок со испитување на исхраната ДАСХ пред 20 години (диетални пристапи за стопирање на хипертензијата), која била креирана за намалување на крвниот притисок и холестеролот. Се следела исхраната (три различни типа) на 500 учесници во период од осум недели.

Првата диета се состоела од малку овошје и зеленчук и многу преработена храна, втората нудела малку повеќе овошје и зеленчук и јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници), мешунки (грав, леќа) и не толку многу слатки. Третата била диетата ДАСХ, полна со овошје и зеленчук, мешунки, семки и мошне малку слатки. Учесниците строго се придржувале до исхраната што ја контролирале авторите на студијата.

По само две недели, диетите што содржеле многу овошје и зеленчук, влијаеле врз намалувањето на крвниот притисок, а резултатите останале исти во текот на осумте недели. Студијата го истакна позитивното влијание на диетата ДАСХ.

Кај луѓето што имале дијагноза на висок крвен притисок, систолниот крвен притисок е намален за 11,4 отсто, а дијастолниот крвен притисок за 5,5 отсто. Накратко, диетата ДАСХ дава подобри резултати од голем број лекови за крвен притисок.

Намирници што се наоѓаат во оваа диета

Многу едноставно – вклучете овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодови, зрна во исхраната, а избегнувајте преработена храна, црвено месо, грицки и слатки.

Три најважните совети на стручњаците

1. Здрав појадок: Наместо голем сад засладени житарки или колачи, или разноразни печива, појадувајте јогурт со малку маснотии, зрнесто овошје со малку јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници). Подгответе појадок што ќе ви биде вкусен, но и добар за вашето здравје!

2. Секогаш при рака мора да имате овошје или зеленчук: Неколку ореви, банани, морков, јаболка… Секој меѓуоброк ќе биде поздрав ако се состои од овие намирници.

3. Додајте зеленчук во оброците: Додавајте ги во супите и во чорбите зеленчуците што содржат хранливи материи и влакна, а кои инаку ги заборавате. Додајте зеленчук со месото… Без разлика која комбинација ви одговара, важно е да не заборавите на зеленчукот!

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....