14.8 C
Скопје
18:10 - 15 мај, 2024

Тие што бегаа од решението за изолација, сега им го прегореа телефонот на инспекторите!

Четиристотини и педесет граѓани кои се суспектни за коронавирус, затоа што биле во контакт со некој што бил позитивен, не ги примаат решенијата за самоизолација кои се обидуваат да им ги достават инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Ова всушност значи, дека здравствените власти немаат контрола врз нивното движење и отворена е можноста тие да се на работа, да излегуваат од дома по свои лични потреби и со тоа да ги доведуваат во опасност сите граѓани со кои стапуваат во контакт. Затоа, нивните имиња ќе бидат објавени во весниците и со самото тоа ќе се смета дека решението за изолација им е доставено. Но, останува неодговорено прашањето, како и кој ќе ги контролира дали го примиле формално правно доставеното решение, ако властите не можат да ги најдат на адресите што ги оставиле во епидемиолошките прашалници.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат се уште се соочува со истите проблеми при достава на решенијата на терен. Им даваат грешни адреси, имиња со неколку згрешени букви, лажни телефонски броеви, а кога инспекторите одат на домашната адреса на тој што треба да биде во изолација, на врата им кажуваат дека лицето не живее таму и дека не го познаваат.

Од ДСЗИ велат дека најавата дека јавно ќе се објават имињата на оние што не ги примаат решенијата за изолација, резултирала со тоа што граѓаните масовно почнале да се јавуваат во инспекторатот.

,,Нашиот впечаток е дека тоа е реакција на најавата дека ќе се објават имињата на тие што оставиле погрешни податоци или на било кој друг начин не ги добиле решенијата. За сите проблеми околу решенијата, може да се обратат на [email protected]”, велат од инспекторатот за ,,Слободен печат”. Во меѓувреме, инспекторатот е во контакт со Агенцијата за заштита на личните податоци за да се финализира процесот на објавување на имињата. Законски, треба имињата да се објавуваат во печатен медиум односно весник, што се дистрибуира на територијата на целата држава и тоа два дена по ред.

,,Доколку живеалиштето, односно седиштето на странката е непознато за јавниот орган, или кога се работи за акти кои се однесуваат на повеќе странки, јавниот орган доставата ја врши со јавна објава. Објавата јавниот орган ја врши преку дневен печат кој е дистрибуиран на цела територија на државата во текот на два последователни дена. По објавите, јавниот орган, во овој случај Министерството за здравство, на свој трошок ќе изврши и еднократна објава во Службен весник. Потоа се смета дека странката е уредно известена. Објавата ги содржи називот на јавниот орган, името на странката, називот на фирмата, последната адреса на живеалиштето, бројот на предметот, краток приказ на основата на предметот и периодот во кој странката треба да се обрати до јавниот орган”.

Објавата содржи и предупредување за странката дека таквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои може да настанат ги сноси странката.

Во меѓувреме во целата држава масовно се организираат приватни собирања во куќи, дворови, затворени кафулиња, со стотици гости, без никаков протокол и контрола. Загрижувачки се сликите од овие собирања, но полицијата не може да ги разбие без налог од ОЈО, а ОЈО не добило пријава од ниедна институција.

The post Тие што бегаа од решението за изолација, сега им го прегореа телефонот на инспекторите! appeared first on Слободен печат.


Тие што бегаа од решението за изолација, сега им го прегореа телефонот на инспекторите! was first posted on јуни 21, 2020 at 12:16 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....