14.8 C
Скопје
13:46 - 31 март, 2025

Главната ѕвезда на зимскиот стајлинг: Најдобрите модели на хулахопки за зимските денови!

Не мора да се откажуваме од здолништата и фустаните само затоа што надвор е ладно – доволно е да избереме трендовски хулахопки што ќе не стоплат, а истовремено да ја подигнеме комбинацијата на облека на едно ново ниво.

Еве 7 моментално најпопуларни модели на хулахопки:

1. Црна вечна класика

Екстремно темните црни чорапи никогаш не можат да бидат грешка, особено кога се комбинираат со црни чевли. Со нив стајлингот изгледа поскап, луксузен и нема да изгледате пониско, како што е случајот кога бојата на чорапите се разликува од бојата на чевлите.


2. Впечатлива боја

Доколку сакате да ја разбиете монотонијата и сивилото на ледените денови, хулахопките се одличен начин да го сторите тоа. Изберете топол модел на долги чорапи во зелена, црвена или сина боја. Изберете задебелени нијанси на овие бои, но не заборавајте да ги следите правилата „не повеќе од три бои“ во еден стил.

3. Нијанси на бела

Белата е една од најатрактивните бои за зимата – модните експерти гласаат за бели чевли, бели јакни и бели хулахопки. Моделите со проsирни точки, со шари или чисто бело ќе изгледаат многу убаво. Комбинирајте ги со бели панталони и чевли во контрастна боја.

4. Цветен дезен

Иако летните фустани, блузи и здолништа обично ги врзуваме за цветниот дезен, можеме да ги носиме и во зима, на хулахопки. Едно треба да земете во предвид кога носите толку импресивен пар хулахопки – дека целата друга облека и додатоци се намалени и дискретни.

5. Хулахопки наместо модни додатоци

Монистра, кристали, циркони и необичен дизајн – сето ова може да се носи со гордост и стил. Изберете модел со мали детали, ќе изгледа невообичаено и убаво.

6. Геометриски шари

Изберете модел инспириран од елеганцијата на шеесеттите години, со впечатливи, но едноставни геометриски обрасци. Нема шанси да останете незабележани.

7. Чипка


Не е баш најжешката опција, но дефинитивно е убава. Одлична е за вечерни пригоди, додека преку ден можете да ги носите со волнено здолниште или фустан за да ја разбиете монотонијата.

Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Синдром на скршено срце

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Заштитете го вашето срце, направете коронарен стрес-тест

Еспресо

Интервју со д-р Катерина Игневска, специјалист по микробиологија во Клиника „Жан Митрев“: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Мамографија – кога и зошто е важна?

Еспресо

Новости од Клиниката „Жан Митрев“: За 25-годишнината на Клиниката „Жан Митрев“ – 25 илјади нови садници

Еспресо

Врвна радиологија во болницата „Санте плус 3“: Точната дијагноза започнува со напредна радиологија

Еспресо
Се вчитува....