14.8 C
Скопје
14:45 - 18 декември, 2024

Акутен или хроничен синуситис: Главни симптоми на воспаление на синусите

Воспалението на синуси (rhinosinuitis) е болест поради која во овој период од годината пациентите сè почесто ги посетуваат матичните лекари, а неретко се случува поради занемарување или непрепознавање на симптомите, траењето на болеста да продолжи или болеста од акутна да премине во хронична фаза.

Затнатите горни дишни патишта, понекогаш и силните болки во пределот на главата, висока температура и општата слабост се непријатни симптоми што ја следат болеста во напредната фаза.
Кои се најчестите причинители, кои се вообичаени и како навреме да се препознаат симптомите на оваа болест, одговара професор д-р Ивица Клапан.

Кои се главните знаци на воспаление на синусите?

Слузницата на подрачјето на горните дишни патишта (носот, синусите, горниот дел на ждрелото) е многу поподложна на воспаленија, што доведува до ослабен имунолошки одговор на болниот, а со тоа и до пад на одбранбената способност, со појава на оток на слузницата, што на крајот резултира со застој на транспортот на слузта и бактериите. Последично, се нарушува природната рамнотежа и доаѓа до создавање гнојна содржина, а потоа и главоболка, бескорисно земање аналгетици и слично.

Основна причина е, всушност, зголемениот притисок од патолошката содржина во синусните канали (гној).

Висока телесна температура, малаксаноста, што се општи симптоми на болната состојба, во текот на акутното воспаление на синусите се проследени со слузаво-гноен исцедок, солзење на очите, кивање и слично, што опфаќа збир на проблемите кај секој болен со воспаление на слузницата на горните дишни патишта. Освен наведеното, може да се појават болки со различен интензитет во образите, на коренот од носот, болки во челото или во задниот дел од главата.

Каква е разликата помеѓу акутниот и хроничниот синуситис?

Акутен синуситис е секој воспалителен процес во синусот што трае од 1 до 30 дена. Во раната фаза, симптомите тешко се разликуваат од симптомите на обичната настинка или алергискиот ринитис. Некои од симптомите се заеднички кога е зафатен кој било од синусите: главоболка, зголемена температура и пулс. Локализацијата на болката се разликува и зависи од заболениот синус.

Ако оваа состојба не е во целост излекувана во текот на првите 30 дена, акутната форма на промена на слузницата преминува во субакутна/субхронична, а по 4-6 недели доаѓа до хронични воспалителни промени на слузницата на параназалните синуси. Поимот хроничен синуситис се употребува кога воспалението на синусите трае подолго од три месеци. Оваа облик на воспаление е последица на акутниот синуситис, кој не е целосно излекуван и/или е несоодветно лекуван. Ако воспалителниот процес трае подолго од три месеци, доаѓа до нарушување на синусната дренажа, како и до други промени на слузницата на синусите.

Основите проблеми што се јавуваат при хроничната воспалителна состојба се упорно течење на секретот, што се јавува најмногу од носот во ждрелото, неодредена болка со помал интензитет во синусите и, над сè, долготрајна субфебрилна состојба (зголемена температура под 37,8 степени Целзиусови).

Лекување

За време на постапката на лекување, треба да се знае дека со примената на конзервативната терапија најчесто доаѓа до смирување на воспалението. Важно е да се постигне добра вентилација и дренажа, при што голема улога играат вазоконстрикторните капки (со задолжително избегнување на долготрајна употреба). Ако е присутно гнојно воспаление, во лекувањето се користат антибиотици. За нив се смета дека овозможуваат излекување на акутната епизода на воспалението истовремено спречувајќи компликации и прогресивни промени на слузницата, кои можат да доведат до хроничен синуситис.

Во текот на акутното воспаление се применуваат антибиотици според микробиолошкиот наод, како и отстранување на патолошкиот секрет со пункција и плакнење на виличните синуси со физиолошки раствор како и со примена на деконгестивни средства. Терапијата со антибиотици мора да биде таргетна и да се применува доволно долго.

Кутија цигари дневно го старее мозокот за 11 дена

Возраста на мозокот е мерка за здравјето на мозокот, а на тоа негативно влијае алкохолот, покажало едно од најголемите истражувања.

Со текот на времето, секојдневното пиење малку поголема доза алкохол од препорачаната, може да го забрза процесот на стареење на мозокот, открила новата студија. Иако и претходните истражувања дале слични резултати, сите биле спроведени на помали групи луѓе или на глувци.

Новата студија на истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија нуди сеопфатна процена бидејќи во скенирање на мозокот учествувале 17.308 испитаници.

Тимот истражувачи открил дека за секој грам алкохол што се консумира дневно една година, мозокот старее за седум и пол дена. Просечна конзерва пиво или чаша вино содржи 14 грама алкохол. Луѓето што пријавиле дека пијат секој ден една година, имале просечно 0,4 години постари мозоци од луѓето што не пиеле секојдневно.

Пушењето имаше уште посилен ефект. Тимот открил дека на оние што пушат една кутија цигари дневно за една година, мозокот им старее за 11 дена.
Научниците откриле дека колку повеќе пиете и пушите, толку е поголема веројатноста да имате мозок постар од вашата вистинска возраст.

Што е со срцето?

Дневната потрошувачка на алкохол може да биде штетна за мозокот. Од друга страна, многу луѓе што исто така наполниле 100 години и се чини дека се отпорни на деменција, признаваат дека консумираат алкохол одвреме-навреме. Покрај тоа, неодамнешната студија на Харвард открила дека умерено консумирање алкохол исто така може да има корисни ефекти за срцето.

Ако пиете алкохол, многу е важно да пиете одговорно, а не прекумерно. Исто така е важно да се фокусирате на јадењето здрава храна, одржувањето здрава тежина и вежбањето, како и да не пушите. Ако воопшто не пиете, не мора ни да почнете, велат истражувачите.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Проблеми со видот – рефрактивни аномалии

Еспресо

Интервју со д-р Билал Кара, сопственик на групацијата „Санте Плус“: Ја носиме новата генерација во медицински услуги

Еспресо
Се вчитува....