6.8 C
Скопје
13:16 - 19 декември, 2024

11 докажани симптоми на ковид-19 што не смеат да се игнорираат

Списокот на докажани телесни знаци на ковид-19, кој неодамна го објави американскиот Центар за контрола и превенција на болести, опфаќа 11 симптоми. Зголемена телесна температура, кашлица и краток здив беа првите три „официјални“ симптоми кои Центарот ги призна кога вирусот SARS-CoV-2 почна да се шири низ САД. Како што напредуваа истражувањата, тие го проширија списокот во април, а сега го надополнија со уште три телесни знаци, а тоа се затнат нос или течење на носот, гадење или повраќање и дијареја. Сите овие симптоми на болеста коронавирус беа идентификувани од Светската здравствена организација (СЗО) уште во февруари.

Списокот сѐ подолг

За симптомите на списокот се смета дека може да се појават два до 14 дена по изложеноста на вирусот, но списокот не го вклучува секој можен симптом на ковид-19. На пример, некои пациенти имале невообичаен осип на кожата, а таа појава сè уште не е додадена на списокот. Официјалниот список постојано ќе се ажурира како што ќе пристигнуваат новите информации за коронавирусот, засега на него се наоѓаат 11 симптоми.

1. Зголемена температура и/ или треска

Ова е еден од најчестите знаци на ковид-19. За благо зголемена температура се смета температурата над 37,2 степени Целзиусови, за зголемена над 38 степени, а за многу висока над 39 степени.

2. Кашлица

Пациентите често суво кашлаат. Тоа значи дека тие не исфрлаат никаков секрет, слуз или плунка кога кашлаат.

3. Краток здив

Вообичаен е кај тешките случаи на ковид-19. Може да варира во тежината – од задишеност при нормална активност (како одење по скали) до проблеми со дишењето и во мирување.

4. Замор

Може да се чувствувате исцрпено, поради борбата на телото против вирусот. Тој напор не остава доволно енергија за вас.

5. Болки во мускулите и по телото

Тоа е типичен симптом и на другите вирусни инфекции, вклучително и на грипот, а може да биде директна последица на температура и треска. Зголемената температура може да предизвика болки низ целото тело, како дел од одговорот на воспалението.

6. Главоболка

Зголемената температура, исто така, може да доведе и до долготрајни главоболки. А, и другите несакани придружни појави на болеста, како што се лошо спиење, јадење помали количини храна и пиење недоволна количина течности, може да предизвикаат татнежи во главата.

7. Губење на сетилото за мирис и на сетилото за вкус

Губењето на сетилото за мирис и на сетилото за вкус се истакнуваа како невообичаени симптоми на ковид-19, но всушност, таквата појава веќе е забележана кај луѓето што заболуваат од вироза, велат лекарите. Вирусите можат да предизвикаат воспаление на слузницата во ноздрите, поради што тие отекуваат и се менува способноста за чувствување на вкусот и мирисот.

8. Болка во грлото

SARS-CoV-2 е респираторен вирус, што значи дека може да предизвика создавање прекумерен мукус (секрет) кој потоа се слева од носот во грлото. Со постојаното кашлање, оваа појава може дополнително да го иритира грлото.

9. Затнат нос или течење на носот

Тоа се чести симптоми кај другите вирусни респираторни заболувања, какви што се грипот или обичната настинка. Кај ковид-19, затнатоста или течењето на носот може да биде директна последица на отекувањето во ноздрите што, исто така, влијае и на вашето сетило за мирис, велат лекарите.

10. Гадење или повраќање

Не е сосема јасно зошто се појавува гадење или повраќање, но има повеќе теории. Тие би можеле да бидат последица на зголемено слевање на секретот од респираторните патишта во желудникот, но исто така можно е и кај некои луѓе вирусот едноставно „да се однесува така“, сметаат лекарите. Истражувањето објавено во Американскиот журнал за гастроентерологија ја разгледува теоријата според која овој вирус може да предизвика проблеми со желудникот, затоа што влегува во човечкиот организам преку рецепторите какви што постојат и во горниот и во долниот гастроинтестинален тракт, каде што ги има и до 100 пати повеќе отколку во дишните органи.

11. Пролив

Теориите за појавата на пролив (дијареја) се исти како оние за појавата на мачнините и повраќањето – можно е вирусот едноставно „да се вкорени“ во дигестивниот тракт на одредена „подгрупа“ на луѓе. Споменатата студија објавена во Американскиот журнал за гастроентерологија покажала дека кај повеќе од 200 луѓе што заболеле од поблага форма на ковид-19, дијарејата била првиот симптом кај речиси 20 отсто од нив.

Според горенаведеното, може да се каже дека секој симптом во горните дишни патишта може да биде знак на ковид-19. Тогаш, како можеме според течењето на носот, кашлицата и главоболката да препознаеме дали страдаме од ковид-19, настинка или алергија?

– Понекогаш не постои начин да ги разликуваме само според симптомите – рекол стручњакот за инфективни болести д-р Амеш А. Адаља од Центарот „Џон Хопкинс“. Затоа, тој сугерира да се грижите за вашата лична анамнеза – ако никогаш не сте имале дишни алергии, а сега одеднаш се појават симптоми, треба да бидете повеќе загрижени поради нив отколку лице што секогаш страда од сезонските алергии (иако тоа не значи дека и тоа лице не може да има ковид-19).

Понатаму, алергиите не предизвикуваат зголемена температура, но можат да предизвикаат кашлица и главоболки. Покрај тоа, алергиите се развиваат постепено, со денови, па дури и со недели, додека знаците на ковид-19 ќе се појават многу побрзо. Но, ако имате симптоми и какви било дилеми или сте биле во потенцијално опасна ситуација во која сте можеле да се заразите, секако што е можно побрзо обратете му се на вашиот лекар.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Проблеми со видот – рефрактивни аномалии

Еспресо
Се вчитува....