05:14 - 13 ноември, 2026

Сајмон Кауел закрепнува по шестчасовната операција на ’рбетот: Огромна среќа го спасила од траен инвалидитет

Познатиот продуцент, композитор и најпопуларен член во жири-комисијата на британскиот и американскиот „Х-фактор“, Сајмон Кауел (60), во моментов е на болничко лекување, каде што закрепнува по шестчасовната операција на ’рбетот.

Сајмон во саботата бил итно префрлен во болница откако се здобил со сериозни повреди во пределот на грбот по пад од електричен велосипед. Познатиот продуцент се подновил со најнов модел на ваков велосипед, но при обидите да го вози во дворот во неговата вила во Малибу, паднал и сериозно се повредил. Ваквиот шокантен настан се одвивал пред членовите на потесното семејство.

Дека тој сега е подобро и дека забрзано закрепнува говори и тоа што Сајмон преку социјалните мрежи им се обрати на своите следбеници со апел дека треба да бидат многу внимателни кога станува збор за овој уред.

– Еден добар совет: Ако купите електричен велосипед, прочитајте ги упатствата пред да го користите. Паднав и го повредив ’рбетот. Ви благодарам на сите за убавите пораки. Им благодарам на вработените во болницата. Чувајте се, Сајмон – напиша тој.

Сепак, според написите објавени во странските медиуми, иако Сајмон во моментот се чувствува добро, сепак ќе бидат потребни неколку недели модринките и отокот да се повлечат. Според нив, само огромна среќа го спасила Сајмон од траен инвалидитет.

Profimedia

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....