11.8 C
Скопје
07:57 - 19 мај, 2026

Конечно е откриено зошто не успеал првиот брак на Меган Маркл: Тревор бил доминантен во врската (ФОТО)

Долгоочекуваните бомбастични мемоари „Finding Freedom“, за Меган Маркл и принцот Хари конечно се објавени, а со тоа во јавност се појавија уште непознати делови за нивните животи.

Profimedia

Како што пишува во мемоарите, првиот брак на Меган Маркл со телевизискиот продуцент Тревор Енгелсон не успеал бидејќи нему не му се допаднало што по улогата во серијата „Suits“ Меган станала славна.

Profimedia

Авторите на мемоарите, Омид Скоби и Каролин Дурант, тврдат дека Енгелсон сакал неговата сопруга да биде зависна од него, особено кога се работело за финансиите.

Profimedia

Врската која после седум години била крунисана со брак што траел само до 2013 година, се распаднала откако Меган станала славна.

Profimedia

Мемоарите откриваат дека тогаш 23-годишната Меган се вљубила во Тревор кога тој бил продуцент во подем.
„Во периодот додека уште беа само во врска, Меган на своите најблиски пријатели им открила дека Тревор не ја поддржува во нејзината актерска кариера. Чувствуваше дека му се допаѓа што е зависна од него и тоа е вистината за нивната врска – Тревор беше доминантен во врската. Му се допаѓаше што тој „носи леб“ и што единствено преку него Меган може да запознае луѓе во филмската индустрија“, открил близок пријател на Меган.

Меган Маркл (лево) на плажата Очо Риос во Јамајка, каде што била венчавката со Тревор/ Profimedia

Откако ја добила улогата во серијата, Меган сè повеќе време поминувала во Торонто, а Тревор живеел во Амеерика, па тоа во голема мера влијаело на распадот на нивниот брак. До 2013 година нивните средби се разретчиле, а Тревор сам бил на доделувањето на наградите Оскар, тврдејќи дека добил само една влезница.

Ексклузивна фотографија од првата венчавка на Меган/Profimedia

Но вистината наводно била сосема поинаква. Енгелсон бил свесен дека неговото доаѓање може да ја намали заинтересираноста на медиумите за него, затоа одлучил да оди сам. Шест месеци подоцна документите за развод биле поднесени, а како главна причина биле наведени „непомирливи ралики“. Меган преку пошта му го испратила дијамантскиот венчален прстен.

Profimedia

 

Слични објави

Дара Бубамара ужива на луксузна дестинација со помладото момче – сите гледаат во парчето од 5.000 евра

Е.А.

Голема прослава во Турција – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ слават 5 години брак

Е.А.

Познатиот бугарски режисер Теди Москов откри – „Сакам Азис да ме игра“

Е.А.

(Фото) Никола Карабатиќ стапи во брак со партнерката со која е повеќе од една деценија

Еспресо

(Фото) Синот на Северина се миропомаза, пејачката покажа како прославиле

Еспресо

Неда Украден за суровата вистина за естрадата: Џабе ви „горат“ социјалните мрежи, мора да излезете на сцената и да пеете

Еспресо
Се вчитува....