2.8 C
Скопје
19:57 - 24 декември, 2024

Здрави намирници после кои нема да бидете гладни подолго време

Unsplash

Киселите краставички, јаткастите плодови, јаболката се само еден дел од различните видови на намирници после кои нема да посакате друга храна и ситоста ќе трае подолго од вообичаено.

Jајца
Протеините од јајцата ќе направат да бидете сити до доцниот ручек. Истражувањата покажале дека класичниот појадок – јајца и сланина, најдолго нè држи сити.

Чили
Најновите истражувања покажуваат дека лутите зачини помагаат во намалувањето на апетитот. Тие кои во своето јадење додале половина лажичка мелено чили, побрзо се почувствувале сити и задоволни. За време на истражувањето, на една група и го намалиле дневното внесување на 75 отсто од препорачаното, но на јадењата  им додале лути зачини. Никој од нив немал потреба од повеќе храна во споредба со оние кои дневно внесувале 100 отсто, но без тие зачини.

Мешунки
Грашокот и леќата се богати со протеини, влакна, антиоксиданси, витамин Б и железо. Со исхрана богата со нив полесно ќе го контролирате вашиот апетит, бидејќи  ќе бидете сити подолго време. Една неодамнешна студија објавена во списанието „Дебелина“ открива дека луѓето после јадењето на оброк кој  содржи мешунки биле 31отсто повеќе задоволни.

Јаболка
Ако изедете едно јаболко половина час пред главното јадење ќе  јадете помалку бидејќи јаболкото ќе ве засити благодарение на влакната и водата кои ги содржи.

Супа
Луѓето кои јаделе за ручек прво супа, го намалиле вкупното внесување на калории од оброкот за 20 отсто. Супите обично се нискокалорични и вкусни, а и заситуваат.

Вода
Симптомите на глад и жед се многу слични. Понекогаш можеби сте само жедни, а чувствувате глад. Пијте многу вода за да останете хидрирани. Водата ќе ви ја врати енергијата, ќе го подобри вашето расположение и когнитивните способности. Доколку  почувствувате ненадејна потреба за нешто слатко во попладневните часови, испијте една чаша вода и почекајте 10 минути. Шансите се големи дека „нападот“ на глад ќе помине, а вие нема да се наполните со непотребни калории.

Кисели краставици
Не само киселите краставички туку и другиот кисел зеленчук ќе ви помогне да го намалите внесот на калории. Тој содржи масни киселини кои ја подобруваат врската меѓу стомакот и мозокот така што го стимулираат производството на хормонот кој ја подобрува сигнализацијата на апетитот . Исто така содржат и пробиотици кои го подобруваат варењето на храната.

Темна чоколада
Помалку ќе изедете од темната чоколада отколку од, на пример, млечната чоколада. Кога ќе почувствувате потреба за нешто слатко тогаш посегнете за коцка темна чоколада. Освен што нема да изедете многу, благотворно ќе делува на крвниот притисок и ќе го заштитите срцето и мозокот.

Јаткасти плодови
Тие се природно решение да се запре гладот поради своите заситени масни киселини, протеини и влакна. Со нив ќе се чувствувате сити подолго време, а ако ги јадете со јагленихидрати, овошје и овесна каша ќе се забави варењето на храната и ќе го регулираат шеќерот па нема да имате потреба за слатки искушенија.

Овесна каша
Според досегашните истражувања во споредба со останатите жита, овесната каша дава најдолго чувство на ситост. Богата е со влакна, протеини и бета глутен. Освен тоа после неа ќе ви се намали желбата за храна, а нема да има ниту неочекувани напади на глад.

Авокадо
Доколку со ручекот изедете  половина авокадо подолго ќе се чувствувате сити и подоцна ќе имате помала потреба за грицкање. Поради својот состав многу брзо може да ве засити, па со него сигурно ќе ги избегнете сите нездрави и „празни“ калории помеѓу оброците.

Слични објави

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо

(Фото) Брена му седна во скутот на Боба, тој ја држи со раце и не ја пушта: „Бакни ме“

Еспресо

(Видео) Северина на Бадник сподели видео со мајка си: „Таа е најдобра и најубава“

Еспресо

На Алек Болдвин нема да му се суди за убиството на сетот за филмот: Случајот е официјално затворен!

Еспресо

(Фото+видео) Вака изгледала Слобода Миќаловиќ како девојче: Името ѝ го дал татко ѝ, а зад сè се крие трогателна приказна

Еспресо
Се вчитува....