5.8 C
Скопје
00:52 - 1 април, 2026

ВОСПАЛЕНИ СИНУСИ? Пробајте ја јога техниката Џала Нети

џала нети јога

Според модерната терминологија – назална иригација, односно плакнење на носот и синусите e всушност древната јога техника на чистење на носот и синусите со вода – Џала Нети, сè повеќе се споменува како начин за ублажување на симптомите. Оваа техника нуди ослободување од чести инфекции на синусите, назална конгестија и проблеми со ушите и други респираторни проблеми.

За правилно изведување на техниката, потребен ви е посебен сад наречен „NETI LOTA“, кој ви препорачуваме да го стерилизирате со вриење во врела вода неколку минути при секоја употреба. Таков пластичен сад, анатомски обликуван, може да се купи во аптеките, а во садот се истура малку загреан солен раствор или чиста морска вода.

Како да се изврши плакнење на носот?

1. Продолжението на садот се става во левата ноздра додека главата е навалена надесно
2. Солен раствор или морска вода нежно се истура во левата ноздра и спонтано излегува низ десната ноздра.
3. Устата мора да се држи отворена и да се дише за време на изведувањето на оваа техника.
4. Потребни се околу дваесет секунди за да се исчисти едната ноздра и потоа да се премине на другата ноздра.
5. Продолжението на садот потоа се става во десната ноздра, главата се навалува налево и солената вода или морската вода се поминува низ десната ноздра и излегува низ левата.

По извршувањето на назалното плакнење со оваа техника, пожелно е да издувате силен воздух, од секоја ноздра посебно, што дополнително ќе го исчисти и исуши носот. Техниката може да се изведува еднаш дневно или почесто при акутно воспаление.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....