4.8 C
Скопје
05:54 - 28 март, 2026

Висок крвен притисок во топлите денови: Дишете длабоко и практикувајте прошетки и храна богата со калиум

Високиот крвен притисок го зголемува ризикот од водечките „убијци“ како што се срцев удар и мозочен удар, како и аневризми, когнитивниот пад и откажување на бубрезите. Доколку забележувате период на благо покачен крвен притисок, а сè уште не сте за терапија според вашиот лекар, направете промени во животните навики.

Шетајте многу

Пациентите кои страдаат од хипертензија, а притоа практикуват физичка активност со брзо темпо може да го намалат притисокот за речиси 8 mmHg. Вежбањето помага срцето да го искористи кислородот поефикасно, така што нема да отчукува толку тешко за да пумпа крв.

Направете енергичен кардио тренинг од најмалку 30 минути во повеќето денови во неделата за низок крвен притисок. Обидете се да ја зголемите брзината или растојанието, така што постојано ќе се предизвикувате.

 Дишете длабоко

Забавено дишење и медитативните практики, како што чигонг, јога, таи – чи ги намалува хормоните на стрес, кој го подигнуваат ренинот, ензим во бубрегот кој го зголемува крвниот притисок. Обидете се со 5 минути во утринските часови и во текот на ноќта за низок крвен притисок. Вдишете длабоко и проширете го вашиот стомак. Издишете и ослободете се барем за момент од стресот и негативните мисли.

Одберете компири за ручек

Консумирање на овошје и зеленчук богато со калиум е важен дел од било која програма за намалување на крвниот притисок, вели д-р Линда Ван Хорн, професор по превентивна медицина во медицинското училиште при Медицинскиот факултет „Фајнберг“. Внесувајте по 2000 до 4000 мг. калиум на ден, вели таа, пренесува „Prevention.com“.

Врвни извори на калиум за достигнување на низок крвен притисок се: сладок компир, домати, сок од портокал, банани, грав, грашок, диња и суво овошје како сливи и суво грозје.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо

Куркумата е многу здрава, но во овие пет случаи не смее да се користи

Еспресо
Се вчитува....