15.8 C
Скопје
12:07 - 14 март, 2026

(Видео) Версуис, малиот робот што оперира, претставен во „Жан Митрев“

Македонската стручна, медицинска јавност преку презентација на перформансите беше запознаена со најмалиот хируршки робот, кој може да извршува лапароскопски и минимално инвазивни процедури и со чие користење бенефит имаат и пациентите и хирурзите и сите медицински професионалци.

Версиус технологијата претставува дигитален интерфејс помеѓу хирургот и пациентот. Се состои од работна конзола која ја управува хирургот и четири крака од кои во едниот е камерата, а во останатите инструментите. Сите краци, односно раце, се модуларни и во целост ги имитираат движењата на човечката рака (рамо, лакт, рачен зглоб). Може да функционираат независно, но работат сите заедно/синхронизирано (триангулација).

Роботската процедура ја намалува загубата на крв, болката по извршените оперативни зафати, како и времето за опоравување на пациентот.

Фото: Промо

Версиус служи како помошник на хирурзите во најразлични области од медицината, а најмногу во делот на урологијата, лапароскопска хистеректомија, гастроентерохепатологијата и гинекологијата, во случаи кога се користи лапароскопски или минимален пристап, каде што зафатот се изведува преку серија мали засеци во кои се вметнува опремата, нешто што е недостапно за милиони луѓе ширум светот.

Версиус е изум на британската компанија Кембриџ медикал роботикс сурџикал (Cambridge Medical Robotics Surgical), со чија помош досега се извршени повеќе од 20 илјади процедури во повеќе од 20 држави.

Клиничката болница „Жан Митрев“ секогаш се стреми кон усовршување на техниките на работа преку воведување и користење на најиновативни методи, следејќи ги последните чекори од новата дигитална ера во сферата на медицината, од која најголемиот бенефит го имаат пациентите.

Комерцијален ПР текст

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Брусницата е моќен заштитник на здравјето и најдобар лек за воспаленија на уринарниот тракт

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо
Се вчитува....