04:11 - 23 октомври, 2026

Три напитоци што ќе помогнат во намалувањето на килограмите

Здравиот начин на исхрана и редовната физичка активност се единствениот и најдобар начин за совршена линија. Сепак, на „патот“ до постигнувањето на целта, односно до тоа да добиете вита става и да го намалите вишокот килограми, постојат и неколку растенија што многу ќе ви помогнат полесно, побрзо и поефикасно да ја постигнете целта.

Напитоците подготвени од овие билки ги препорачуваат дури и најистакнатите нутриционисти и тоа во светски рамки, бидејќи важат за „поттикнувачи“ на согорувањето на акумулираните масни наслаги.

Магдонос
Магдоносот е зачинско растение кое е моќен природен диуретик, кој ако редовно го консумирате, многу ќе ви помогне во отстранувањето на вишокот на вода од телото. Покрај тоа, ако го пиете во вид на чај, ова растение освен тоа што ќе го забави процесот на стареење, ќе овозможи и трајно решавање на проблемите со желудникот, а чувството на надуеност во стомакот ќе биде минато. Покрај тоа, супстанцијата еугенол, која се наоѓа во составот на магдоносот, ќе помогне во одржувањето на стабилноста на шеќерот во крвта.

Рузмарин
Ова растение во својот состав изобилува со антиоксиданти, а исто така помага и во намалувањето на маснотиите, триглицеридите и шеќерот во крвта. Во составот на ова растение важно е присуството на карнозинската киселина, која ќе биде главен „соборец“ во борбата со вишокот килограми.

Нане
Со познатиот мирис на нането се среќаваме буквално секој ден, но можеби се досега не сте знаеле дека нането многу помага во намалувањето на апетитот. Затоа, во следна пригода, кога не сте сосема сигурни дали навистина ви се јаде или едноставно ви е досадно, па имате намера да посегнете по вашите омилени колачиња или грицки, направете се една шолја чај од нане. Покрај тоа што гладот ќе исчезне (или барем лажното чувство за внес на храна), нането многу ќе ви го олесни и процесот на варење на храната и значително ќе ја намали појавата на гасови.

Слични објави

Искуство од пациент во Клиника „Жан Митрев“: Приказна за сложени хируршки предизвици, стручност и посветеност

СП.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Дали сте „хеликоптер-родител“? Преголемата грижа за децата може да има неочекувани последици

К.С.
Се вчитува....