20.8 C
Скопје
12:14 - 2 октомври, 2026

Џони Деп денес полни 59 години; испрати (мистериозна) порака со негова колешка од минатото

Џони Деп наполни 59 години. Никогаш како во денешно време американскиот актер, режисер, музичар и филмски продуцент не бил толку во центарот на вниманието.

Пиратот од Карибите е роден на 9 јуни 1963 година, и денес полни 59 години. Ѕвездата е родена (како Џон Кристофер Деп) во Кентаки, а пролсавата на овој роденден му доаѓa брзо откако победи во судската битка со поранешната сопруга Амбер Херд.

Додека минатата година роденденот го прославил во друштво на неговите деца, Лили Роуз и Џек, годинава неговите сè побројни фанови се љубопитни со кого ќе ја сподели среќата на овој ден.

Сепак, останува да почекаме до утре, па да откриеме дали папараците успеале нешто да „уловат“.

Неговата последна објава (откако стана повторно активен на Инстаграм и се приклучи на ТикТок) е пред 17-на часа и се однесува на Хеди Ламар, холивудската убавица родена во Виена, со бурен љубовен живот и шест бракови, но вистинска генијалка –  нејзините пронајдоци биле користени во војната индустрија и воздухопловството, а фаталната глумица се смета за пионирка на безжичната технологија, „GPS“ и „Bluetooth“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)

Сака ли да ни порача нешто Џони преку постираната објава?

Можеби нè потсетува дека е 9-ти, важен датум.

И Хеди Ламар е родена на 9-ти само не во истиот месец (на 9 ноември 1914 година). Сепак, ако убаво ја загледате на фотографиите ќе откриете колку сличности имаат во цртите на лицето, но и во карактерот и мултиталентираноста, како Деп да е нејзина машка верзија.

Или можеби, мистеријата на пораката постирана на Инстаграм е во тоа што му се допаѓаат такви жени. Или..дека веќе нашол слична на Ламар.

Слични објави

(Видео) За едно парче 8.500 евра – еве на што троши пари ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров стана татко, се роди синот Лука: „Марта, ти благодарам за најубавиот подарок“

К.С.

VILLA DIVA – Амбиент создаден за големи моменти

Еспресо

(Фото) „Колку била убава!“: Теа Таировиќ сподели фотографија од детството и сите гледаат во нејзината мајка

Еспресо

Едноставна, мирислива и сочна — рецепт за норвешка торта со јаболка

Еспресо

Дневен хороскоп за 2 октомври: Бидете подготвени да преземете иницијатива

apostolova
Се вчитува....