2.8 C
Скопје
23:49 - 11 март, 2026

Топлите стапала го чуваат здравјето: Да ги разладите стaпалата е исто како да го разладите коренот на некоја билка, тоа ќе се одрази на целиот систем

Да ги разладите стaпалата е исто како да го разладите коренот на некоја билка, тоа ќе се одрази на целиот систем

На средишниот дел од нашите стапала се наоѓа центарот на основата на здравјето. Тоа е едно од најчувствителните места низ кое продира студенилото во нашето тело. Во нашите стапала се наоѓа мрежа од нервни завршетоци, оттука секој води кон одреден орган или систем од органи.

Во нашата традиција е познато дека кога стaпалата ќе се стават во топла вода, тоа позитивно влијае на целиот организам. Не е ни чудно што после напорен ден ни годи масажата токму на овој дел од телото.

Покрај тоа што се синоним за лоша циркулација, ладните стaпала директно укажуваат на слаба крвна слика, но и можен почеток на слабеење или болест на бубрегот, бешиката и слабеење на сексуалните функции. Кинеската традиционална медицина вели дека на средина на стaпалото се наоѓа точката која поминува низ тежиштето на нашето тело и директно влијае на општата виталност и здравје.

Според квантната медицина пак стaпалата се контакт со природата преку кои нашето тело се ослободува од слободните радикали. И затоа е многу важно да ги негуваме.

Што сакаат, а што не сакаат стaпалата?

Сакаат чорапи од природни материјали, суви, чисти, а не сакаат вишок килограми, синтетика, премногу седење, неправилно држење, влага, зима и лоша хигиена. Како да ги загреете брзо и моментално да му помогнете на организмот, особено ако сте настинати?

– Треба да имате на ум дека повеќе им годи кога се суви, отколку кога ги ставате во топла вода;

– Загрејте 300 грама морска сол и замотајте ја во чиста ткаенина од природни материјали. Ставете ги стапалата на неа и оставете топлината постепено да продира;

– Наполнете термофор со топла вода и повторете го истото;
Добро решение можат да бидат топлинки со грејачи, само да не се претера и да почнат да се шират крвните садови.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....