5.8 C
Скопје
00:32 - 17 март, 2026

Теретаната, најдобар сојузник во борбата против депресијата

Вежбањето три пати неделно ги намалува шансите за појава на депресија за околу 16 проценти, тврдат научниците. Секако дополнителното вежбање во текот на неделата резултира со уште поголемо намалување на шансите и тоа за дури шест проценти.

Британските научници кои работеле на овие истражувања тврдат дека односот меѓу депресијата и вежбањето упатува на начин дека истовремено може да се подобри и физичкото и менталното здравје. Под претпоставка дека љубовната врска е последица на таквата состојба, физичката активност во слободно време има ефект за заштита од депресија, истакнуваат научниците.

Депресијата е еден од најчестите ментални болести и Светската здравствена организација ја смета за водечки непријател за лошата состојба на луѓето во светот. Нејзиното лекување обично вклучува, лекови, психотерапија или нивна комбинација.

Истражувањето во кое учествувале 11.135 лица, ја истакнало поврзаноста на депесијата и физичката активност. Со цел да се процени депресијата, испитаниците пополнувале одредени прашалници кои го мереле степенот на психичкото нарушување на возраст од 23, 33, 42 и 50 години од животот. Резултатите покажале дека лицата кои имале значителна физичка активност имаат и помали симптоми на оваа болест.

Слични објави

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо
Се вчитува....