14:15 - 1 април, 2026

Срцевите болни не треба да пијат премногу ладна вода, особено не одеднаш во големи количини

девојка вода

На срцето, односно на кардиоваскуларниот систем при високи температури може да се помогне со редовно внесување на течности. Сепак, срцевите болни не треба да земаат премногу разладена вода, особено не одеднаш во големи количини. За овие пациенти се препорачува малку разладена течност, која се зема во помали количини во текот на целиот ден. Многу помага и типичната летна исхрана, која претежно се состои од многу овошје и зеленчук.
Здравата исхрана богата со сезонска храна го зајакнува имунитетот и може да ви помогне доколку сте чувствителни на временските промени. Јадете многу овошје богато со витамин Ц, риба, јаткасти плодови и други намирници богати со омега-3 масни киселини, а избегнувајте храна богата со јаглехидрати којашто може да го зголеми чувството на замор.
Што му годи на срцето? Одењето на умерена надморска височина до 800 м, каде што организмот поинтензивно произведува црвени крвни зрнца, може да има корисен ефект врз срцето, бидејќи еритроцитите го снабдуваат со доволно кислород.
Затоа се препорачуваат дневни, пократки прошетки од барем половина час во парк или во природа, бидејќи тоа е најлесниот начин организмот да се усогласи со годишното време. Од временските услови не треба да бегате, туку да станете свесни за нивното влијание.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....