08:30 - 5 декември, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е ПРП терапија?

Сигурни сме дека сте слушнале за ПРП (PRP) терапија што генерално се користи за санирање повреди или ткивни оштетувања. Но, да појасниме, ПРП терапијата вклучува земање венска крв од пациентот, а потоа нејзино центрифугирање во центрифуга со голема брзина што ги одделува тромбоцитите од црвените и белите крвни клетки.

Тромбоцитите, заедно со мала количина плазма (течниот дел од крвта), потоа служат за инјектирање во повредени или оштетени ткива.

Нормалната крв содржи околу 200.000 тромбоцити на милилитар, додека плазмата богата со тромбоцити содржи петпати повеќе од тој број.

Тромбоцитите се компонента на крвта што содржи различни фактори на лекување. Факторите на раст присутни во овие клетки го поттикнуваат формирањето нови крвни садови што ја подобрува циркулацијата во повреденото или заболеното ткиво. ПРП концентратот, исто така, привлекува матични клетки на повреденото место.

Матичните клетки се специјализирани клетки што можат да се развијат во кој било вид клетка потребна за лекување на повредено ткиво. Со овој третман, телото, исто така, го зголемува производството на колаген. Заедно, овие ефекти го забрзуваат заздравувањето со промовирање на клеточната делба, намалување на воспалението и подобрување на ремоделирањето на ткивото. Воспалението може да биде природен заштитен одговор на повреда, но кога ќе стане хронично, може да го забави заздравувањето.

ПРП помага во намалувањето на воспалението, помагајќи му на телото само да се поправи.

Не е случајно што (ПРП) се нарекува „метод на клеточно инженерство“ поради неговите специфични својства.

ПРП е докажано дека го модулира имунолошкиот одговор, создавајќи балансирана и оптимална средина за заздравување.

Фото: Промо

ПРП терапија во нос

Има состојби што ја имаат нарушено или разрането лигавицата на носот и околните ткива, со тоа се нарушени и нејзините својства (да го затоплува, овлажнува и прочистува) воздухот што го дишеме.

Симптоми што се присутни кај пациентите се:

  • сувост и печење во носот,
  • периодични или чести спонтани крвавења од носот,
  • последици по остри и хронични воспаленија на синузит,
  • перфорација (наличност на дупка) на носниот септум (преградата на носот),
  • изгореници на носна лигавица по вдишување чад од пожар или хемиски супстанции (бои, лакови и слично)
  • по оперативни интервенции на нос и параназални синуси, и уште многу други патолошки состојби.

Во „Жан Митрев Дијагностик“ во Битола, за првпат во земјата започнува да се применува оваа метода во нос од д-р Димче Марковски – ОРЛ специјалист.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете термин или информирајте се на тел. 02/3094-484

Фото: Промо

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Џеј-џеј стент – современо безболно решение за блокиран бубрег

Комецијален текст

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Како да се заштитиме од респираторни вирусни инфекции

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај деца – што да се прави?

apostolova

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Рак на тестиси

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Не чекај знак, прегледај се навреме!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Физиотерапија за пациенти со ортопедски или невромускулни оштетувања

Еспресо
Се вчитува....